бев (гл.) - интересен (прид.)

За нашиот проект посебно беа интересни документите од Службата за специјални операции кои се заведени под ознаката ХС, од кои еден дел за прв пат се отворени за истражувачите во 1995 и 1997 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога пристигна во селото, сонцето веќе се капеше во езерските длабочини. Не палете свеќа. Можеби овој расказ не ќе беше интересен, ако тоа што стана не се однесуваше за мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Посебно беа интересни коментарите кои одеа со нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таквата ситуација им беше интересна, во неа имаше нешто спонтано и секогаш неочекувано, од што двете беа задоволни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мора и нему да му беше интересен како што ми беше и мене, зашто Петре имаше едно месесто сипаничаво и црно лице, целото во брада и носот му беше како бапка потечен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа борба со бикот беше интересна за децата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И, колку да беа интересни нивните случаи, мојот беше вонсериски.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Интерен виц во секретаријатот за информирање беа интересните идеи на Владимировски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој живееше во едно време омеѓено на по четириесет и пет минути со удари на училишното ѕвонче, а тие четириесет и пет минути понекогаш, кога часот не беше интересен, кога очекуваше да биде кренат да одговара, а не знаеше, му изгледаа премногу долги, а другпат, кога на час се случуваше нешто интересно, не го сеќаваше времето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да, доаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Одамна не сме разговарале, сум пораснала можеби, сум станала попаметна – му намигнав ѓаволесто. – А таа што ти се допаѓа, доаѓа со тебе во Охрид? – продолжив, плашејќи се да не скршне разговорот на друга страна, а толку многу ми беше интересен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таквите творби на Набоков веќе не им беа интересни на неговите колеги.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Задоволувањето на тој интерес (по ѓаволите со „интересот” на „науката”) за една секунда, направи да се чувствувам дека сум заразен од чума.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не постоеше никакво „движење“ за бојкот или забрана на тие филмови. Тие беа интересни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Следната емисија не беше интересна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Книгата на Стивен Кох беше интересна, бидејќи тој успеал да напише цела книга инспириран од таа тема.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Посебно му беше интересен описот на тврдината: „Од западната страна тече реката Вардар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)