бев (гл.) - исполнет (прид.)

Набргу речиси и последната педа од плоштадот беше исполнета од кози и од луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се преоблеков во турско облекло и дојдов во кафеаната да чујам какви планови кроите против рајата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Иако вие не знаевте, но желбата во истиот момент Ви беше исполнета.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во оние полноќни часови големата станица беше исполнета само со Југословени и Грци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, опфатен со овие мисли, влегов во црквата, која беше исполнета со верници, но двапати повеќе и од љубопитни посетители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неколу километри долгиот брег, сиот беше исполнет со хотели, вили, кафеани, со огромна песоклива плажа, низ која се преливаше жолто-златната боја на ситниот песок, кој огромните морски бранови го здробиле во прав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се слушна и првиот силен звук на топ, а и неговиот правец можеше да се определи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бучеше нешто, како тапан некаде да бие без прекин, но од каде идеше, уште не можеше да се разбере, бидејќи воздухот уште беше исполнет со денешната врева.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Паркингот пред СКОПЈАНКА беше исполнет до последното место.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како нешто да те поттурнува. Се качуваш, качуваш... качуваш...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Леле, се креваш, небаре полетуваш со авион.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тие прозори беа жолти, црвени или темно зелени, или беа исполнети со злато и сребро, а понекогаш од нив yиркаа и Margina #19-20 [1995] | okno.mk 125 глави со тесни вретенести очи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чардакот беше исполнет со сите Таткови книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пепел и плева грабаше од водоскоците жито што во гумната на Имотот и чифлизите еден за друг прскаа право пругоре (раетините го вееја житото а спахиите, во сенките на дрвјата и во сенките на новите копи што со секој изминат час нараснуваа и нараснуваа, се сладеа со шербет, студена вода и татли кафе) и ги развеваше на сите страни, па воздухот во Потковицата беше исполнета со пепел и плева, со мирис на младо жито и тишина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Без­друго му беше исполнет планот за денешниот ден.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А еве, сега, речиси по половина ден од онаа леснотија со која бев исполнета, преполна сум со страв, со лоши претчувства, иако божем сум насмеана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Каква стија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но со какво ли значење беше исполнет чудниот свет на нејзините двоумења во кој толку лесно и без никакви додатни објаснувања неочекувано се најде и таа стија на злото?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нештото, што завладеа со него, не беше ниту господар ниту тиранин што изнудува данок или бара покорност, тоа беше исполнет благослов, материјализиран благослов, тоа беше битие во битие, побогата и поголема чувствителност, универзум поблескав од чувствата и од емоциите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзиниот мирис беше таму, но тоа не знечеше ништо, зашто собата секогаш беше исполнета со нејзиниот мирис, не само од парфемот на нејзината пудра за лице и помадата за лице што ги употребуваше, туку и од нејзиниот сопствен специфичен мирис, кој ѝ беше во здивот, на косата и кожата, и кој беше битен елемент за неговата страст кон неа, нешта што сега го револтираа, зашто и мирисот и нејзиното тело ја играа главната улога во неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Улицата беше исполнета со шум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тука не ѕвонат леринските камбани и не повикуваат на молитви, на помен и намнисување; тука не гори оган во спомен на тие чии соништа беа исполнети со надеж и мечти... тука пече болката... тука се молчи и се уште никој не го скрши печатот на молкот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не го заборавивме местото, го паметиме и не ја заборавивме ноќта која беше исполнета со нашите тивки, глуви, тажни и жалосни воздишки што нездржливо се откинуваа од нашите гради....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќарот беше поголем од пензијата што ја имав и деновите поминати со дамите, сопственички на разгалените четвороножни пријатели ми беа исполнети со задоволства и радости поради што останав стар беќар...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Полека, си зборував себе. Сѐ во свое време.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една ноќ, додека лежевме испреплетени во големата бела тврдина на нејзиниот кревет, ја симнав пластичната капуљача и ја прашав дали било кога ќе ми верува толку за да водиме љубов на начин познат со столетија, сирово и незаштитено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со божја милост душата ми беше исполнета.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми беше мило во душата, како да слушав Божји глас и ангелско пеење... Бев исполнет со убаина и милност...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога со денови и со недели не успеваше да ја пронајде во себеси музиката, а беше исполнет само со тишината на празнината, помисли дека единствен начин да се пронајде себеси е да се побара на некое друго место.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Геријатрија и педијатрија Кога куќата ми беше долу педијатрија, горе геријатрија, а живеев во убедување дека семејството многубројно ми е складно и полно со љубов, денот ми беше долг како три, а јас бев исполнета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кон него таа повеќе изразуваше стравопочит (тоа можеше и да се глуми) отколку искрени интимни чувства, но со благодарност кон него секогаш беа исполнети нејзината душа и нејзината уста од која можеа да се чујат најубави зборови за сè што тој направи таа да се вклучи меѓу неколкумината соработници со врвушката на Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Очите на Ема зрачеа повеќе сомнеж и лутина, отколку надеж за одговор; очите на началникот не даваа знаци дека би можело да се открие нешто повеќе од претопоставката на Ема, тие беа исполнети со изненадување, дури и со страв, што беше несвојствено за карактерот на Круме Волнаровски, но и за претпоставен на вработена во неговиот сектор што сега стоеше пред него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Благодарение на Јурак осумнаесетгодишната Азра се врза со црнците од Нигериското село (така ја нарекуваа деветкатницата во која неколку станови беа исполнети со доселеници од Џеба, Бенин Сити и Енугу).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите седишта во делот од судската сала зад нас веќе беа исполнети.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ресторанот веќе беше исполнет со гости до последното место, беше зачаден и бучен и тоа ни даваше за право да му се подадеме на тивкиот пламен што потајно нè обземаше создавајќи флуид во кој сите бевме едно: низ сивиот превез, на масите околу нас, гледавме луѓе кои личеа сè повеќе на нас и зборуваа нешто неразбирливо исто онолку колку што нашето зборување беше разбирливо за нив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ноќта беше исполнета со влажен воздух. Тешко се дишеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Месечината светеше, но ноќта беше исполнета со магличавост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич одеше во весело расположение на духот, дури ненадејно и потрча, којзнае зошто, по некоја дама, која, како секавица, помина покрај него и на која секој дел од телото ѝ беше исполнет со необично движење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така трговецот со добиток, довикувајќи ја на помош девицата Марија, храбро ја спроведе својата замисла, иако таа воопшто не беше грандиозна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Атмосферата беше исполнета со многу топлина и извесна блаженост. Сите се чувствуваа многу, многу убаво.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тие денови нашата куќа беше исполнета, се пееја до доцна во ноќта, прв пат, во целосен состав, дури и старите четиригласни полифони песни не само од родниот крај туку и од подалеку, од југот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите рафтови веќе беа исполнети со цврсто стегнати книги, една до друга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Голем празник за нашата куќа требаше да биде и последната средба од работата на Татко и Климент Камилски за конечното составување на листата на стоте (без)опасни османизми во балканските јазици, посебно на последната средба посветена на заемките од областа на гастрономијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јунската ноќ беше исполнета со пријатна свежина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Поради големата слабост, устата и очите му изгледаа непропорционално големи, а погледот како да му беше исполнет со смртна, непомирлива омраза кон некој или нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие три дена на YALE беа исполнети со многу случувања и средби.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Гореше и тој. Во топли денови, или кога варницата ќе беше исполнета со камења за печење вар, се состануваа во плевната на Оруш.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така и се случи. Натамошниот живот на Марија беше исполнет со нови содржини.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Додека таа се симнуваше по скалите, Чарлс лежеше без болки, без температура, без црвенила, а собата беше исполнета со жештината на неговата трескавична преобразба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можеше да почувствува како студот влегува и излегува низ белодробните ограноци, кои како да беа исполнети со снег.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина бев исполнет со ентузијазам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И верував, а притоа и на глас потврдив дека верувам оти е можно оневозможувањето на несреќите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ја обикновениј дурак“ повтори тој можеби во единствена намера да го совлада срамот со кој беше исполнет до врв, „како полно шише вотка“, така самиот се изрази, и јас веќе знаев дека тој смета оти го пронашол лекот за својата болка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А замисли си што се случило. Не успеал никаде да го пронајде Штабот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Салата беше исполнета до последното место: се одржуваше состанок на млади екологисти и претставници од други заинтересирани секции на ниво на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оваа изложба, со која во голем дел беше исполнета мојата дипломатска мисија, покрај другото, ми овозможи и почести контакти со советниците на претседателот Жак Ширак во Елисејската палата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секој миг во денот ѝ беше исполнет со мислата за нив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само се чувствував чудно, не знам како да го објаснам тоа, како да бев исполнета со некоја јанѕа и недоверба, најчесто бев во некое радосно–жално расположение.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Им се радуваа на златните предмети со кои беше исполнета нивната куќа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)