бев (гл.) - личен (прид.)

Чупата беше тука некаде, на дваесетгодишна возраст, и беше лична, како икона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ништо не помогнуваше што Руса, гушејќи се во неа, ѝ велеше Не плачи, мајко; поарно да сум огрубена и да су со тебе отколку да бев лична и да му бев робинка на Салија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та нели ѝ бев личен курир на Рада. - Биди внимателна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па што беше личен, личен како твојон Костадин на тие години!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Имаше времиња кога изнесената сторија можеше да биде привлечна за хроничното антиалбанство, за некаков реваншизам со паднатиот сталинистички енверизам, и што уште не, но прикаската беше лична, длабока рана, болка која лесно не исцелуваше и којзнае дали некогаш ќе исцелеше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во еден период и ми беше личен гостин со својата сопруга во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа технолошка авантура беше лична мисија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Германскиот печат го прослави настанот нарекувајќи го „настан од соништата” и го споредуваше момчето со Црвениот барон Манфред фон Рихтхофен и со Чарлс Линдберг. Stewart Brand, основач на списанието Co-evolution Quarterly. Bob Harris, сопственик на продавницата за хардвер во Риверсајд, Калифорнија, аматер-летач на параглајдер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А Пандо не да беше личен... Како него мајка немаше родено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А и ти беше личен во машката носија! – Требаше, со тоа, да ја покажеме древноста и убавината на нашите носии, нашата виталност... – дополни Татко. – Џамаданчето, сето извезено со сребрена срма, уште го чувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш главно мерило сѐ уште беше личното искуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во академскиот свет сѐ заедно започна во 1957 со мошне влијателната книга на британскиот професор Richard Hoggart со наслов The Uses of Literacy, во која што се добро објаснети суштинските промени на подрачјето на современата култура, а малку помалку е истражен потенцијалот на новите облици на популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За нашата расправа е секако важно што Hoggart во едно од потпоглавјата пишува и за очигледно незгодното прашање на толеранцијата, што не ја разбира како откажување од секакво несогласување и превидување на разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)