бев (гл.) - оспорен (прид.)

Симптоматично е тоа што со ребалансот на Буџетот на РМ за 2008 беа издвоени средства за околу 5.000 – 6.000 „стечајци“, што значи дека државата заштедила и од оваа ставка, повторно на грбот на најзагрозените!? [Извор: Извештај за работата на АВРМ за 2008 година, стр. 84].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа го видовме за време на борбите за цивилни права каде што доминантниот поим беше оспорен од група која беше угнетувана, маргиналиризана и во голема мерка заборавена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Законот содржи, сè на сè, десет члена. 2.  По неговото влегување во сила, овој Закон, поради пререстриктивните услови и ди- скриминацијата кои ги воведе (имено, од околу 5.000 – 6.000 лица во иста ваква положба – за коишто, патем речено, имаше обезбедено парични средства со ребалансот на Буџетот на РМ за 2008 година, со него беа опфатени само околу 2.000!?) – тој беше оспорен пред Уставниот суд на РМ, преку рекордни девет различни претставки, од страна на повеќе лица-иницијатори, меѓу кои беа и дел од авторите на овој труд – Апасиев и Савески.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрајкот и денот и времето на почетокот на штрајкот (чл. 236, ст.1-5 од ЗРО – н.з. првиот став од овој спорен член, кој им го одзема 96 легитимитетот да организираат штрајк на вработените и им го дава ова право само на синдикатите, во април 2010 беше оспорен пред Уставниот суд на РМ од страна на Асоцијацијата „Магна Карта“ и ДСП „Ленка“, но до денес овој суд се нема произнесено по повод оваа иницијатива).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По неговото влегување во сила, овој закон, поради пререстриктивните услови и дискриминацијата кои ги воведе, беше оспорен пред Уставниот суд на РМ, преку рекордни девет одделни иницијативи, од страна на повеќе лица-иницијатори, меѓу кои беа и дел од авторите на овој труд (пр. Д. Апасиев).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штрајкот на солидарност може да започне без спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на почетокот на штрајкот за чија поддршка се организира.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)