бев (гл.) - очигледен (прид.)

Брзо ја оттурна мислата. Грешката беше очигледна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што го правевме тогаш, преку изложби, хепенинзи и мурали, беше од голема важност, пред сé за самите нас, но и за јавноста чија потреба од свежина во ликовниот живот беше очигледна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Непосредните предности од фалсификувањето на минатото беа очигледни, но крајниот мотив беше таинствен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А бе, нормални ли сте?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Врската на тоа име со моето презиме беше очигледна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поразот беше очигледен, но мораше да се слави како триумф.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во таа мрачна долгнавеста валкана барака, „бившоста“ беше очигледна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)