бев (гл.) - повисок (прид.)

2. Лежеше на нешто како полски кревет, само што беше повисоко над подот и што беше врзан за него така што не можеше да се помрдне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа оваа година е планирано да се извршат помали инвестициони работи, во вредност од околу четири милиони марки, додека минатогодишниот билнас беше повисок, кога беа остварени над 6,25 милиони марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Снегот беше повисок, отстрана, неколку пати од „мерцедесот“. Патот не се гледаше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Седеше на последните седишта од автобусот кои беа повисоки, на тој начин имаше добра прегледност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога попладнето, последен пат излезе да го измери, снегот веќе не беше повисок од ременот на неговите панталони.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никој веќе со никого не тргуваше, никој во никого не веруваше, ѕидот беше повисок отсекогаш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не можев да се натерам да го качам од првпат, оти ми беше страв дека ќе паднам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Отсекогаш ми беше страв од мостот затоа што беше повисок од мене и не се мрдаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почекав уште некое време дури не го избројав третото пуштање вода од казанчето, со што пресметав дека тетка ми завршила со должностите, па кога вратата се отвори и се затвори по шести пат, почекав неколку минути и во тишината некако се шмугнав во тоалетот, имајќи ја мислата ако можам да се олеснам и да престанам да го чувствувам товарот на мојот заоблен стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури кога се сетив да се подзапрашам каде исчезнале сите, слушнав чекори на качување по скали и од вратата зад која исчезна тетка ми по влечките, излезе целото семејство, од најголемиот до најмалиот, предводени од тетка ми, која сепак беше повисока од својот маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Долу беснееше реката како серија на бранови, но побрза и поостра, без здив или кругови, а таа го држеше бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мостот беше повисок од колку што таа претпоставуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ден тајно го нарекуваше Недела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)