бев (гл.) - прекрасен (прид.)

Анита беше прекрасна.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Седев до неа... Навистина беше прекрасна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа беше прекрасен предел...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше прекрасен пролетен ден. Во синото небо едреа мали бели облачиња и се добиваше впечаток дека тоа се балони што го потпираат и го креваат небото високо, високо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„И нешто, што никогаш да ти го кажам не втасав а остави длабока во споменот трага Помислував напати: Ти ќе беше прекрасна продавачка на насмевки за болни од тага“...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Господ нека ја прости, беше прекрасна жена. Целиот живот даруваше живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден, таму некаде во добрите стари времиња кога имав девет години а светот беше полн величествености од секаков вид што може да се замислат и животот сè уште беше прекрасен и таинствен сон, братучед ми Мурад, кого го сметаа за глупав сите што го знаеја, освен јас, дојде во мојата куќа во четири часот изутрина и ме разбуди со тропање на прозорецот од мојата соба. –Арам, – рече тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Братучед ми Мурад седеше на убав, бел коњ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изградбата на Ајфеловата кула беше прекрасна и многу важна работа. Денес, тоа тешко може да се сфати.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше прекрасен, пролетен дожд. Светол. И изутрина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тагуваа и децата: „Ќе ни беше прекрасен татко...“ велеа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Поминав еден час во чекање. Никој не се појавуваше во салонот. Денот беше прекрасен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лах беше прекрасен човек. Многу научив од него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Љубен беше прекрасен човек. Трудољубив. Со него и семејството останавме пријатели до денешни дни, повеќе од две децении.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше прекрасна сопруга, вистински сопатник во деликатната мисија, особено во најтешките и неизвесни мигови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првото парченце од чоколадата се истопи врз јазикот на Винстон. Вкусот беше прекрасен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќата беше прекрасна, како на филм, со голема шума пред неа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јадењево беше прекрасен вовед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Идејата му беше прекрасна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не, тој ни малку не е виновен! Тој беше прекрасен... Тој многу ме сакаше... Тие се виновни! Тие се вистински убијци!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Некои денови работата беше прекрасна зашто си надвор, а воздухот е свеж и студен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Куќичките им беа прекрасни, во раскошните крошни од дрвјата во шумата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа е фантастичен идеал и сигурен сум дека луѓето секогаш одпочеток ќе се обидуваат да го остварат, убивајќи други луѓе во негово име и предизвикувајќи уште пострашни страдања.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Имав читано толку многу за него, но всушност беше прекрасен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Всушност, идејата на Советскиот павиљон е пријателството, братството на социјализмот, коешто беше прекрасна идеја, мошне романтична.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нема да дознае дека кога повторно го закачив на ѕидот, наместо својот одраз ја видов неа. Беше прекрасна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А мојот татко беше прекрасен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така, значи, свадбата беше прекрасна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)