бев (гл.) - пуст (прид.)

Улицата беше пуста и потоната во дремливост, само далеку негде, на крај, кочоперно стоеше на некој оџак ламаринено петле.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Плажата беше пуста и јас почнав да плачам на глас и да те барам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Улицата беше пуста како што беше пуст и животот, и темна како лицето на стражарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Улицата беше пуста и нема.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Застанав и се завртев. Зад мене улицата беше пуста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Улицата беше пуста и прошарена со мали жолтеникави риги од осветлените прозорци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едноставно, не можеше да постапи поинаку, како цицањето човечка крв да станала единствената стварност што постои на земјата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во сето друго освен во тоа светот беше пуст и мртов.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сивотијата на небото беше пуста. И на птиците им е туѓо нашето зло, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го повлече со себе како да го корне од скрка. Останатите тројца намуртени го испратија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Авенијата беше пуста. Ја немаше вообичаената врева во ова време на утрото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За среќа, каква среќа, таа не ја доживеа смртта на сина си! Но тоа повторно беа пусти соништа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Околу нас беа пусти планини до теме потопени во млака ноќ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Просто да ми е срам дека ми е некаков вид род. Да не беше пустиот Сотир...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едната од нив го збрчка носот, другата ги рашири ноздрите, а најдоминантната се исправи, главата ја подаде нанапред и почна да го душка воздухот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека беше прилегнат на столот, онака остарен а издолжен, ми се причини дека гледам давеник штотуку изваден од водата како се бори да дојде до малку здив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашиот Кубан и така беше пуст. А со времето уште повеќе ќе опустее. А потоа ќе го затрупа снег“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Воденицата сега беше пуста, сета јавната од мувли и од пајажини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога конечно успеав да разговарам со неа, дознав дека не е закажан денот на погребот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури тогаш го минав едниот од седумтте мостови преку Рона и тргнав кон хотелот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше недела и градот беше пуст. Конечно најдов едно отворено кафѐ и појадував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија беше станата, но ја облетуваа новинари и фотографи и ја претрупуваа телефонски повици од сите страни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)