бев (гл.) - решен (прид.)

Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Загатката беше решена дури другото утро кога, минувајќи покрај истата ограда, погледнав преку неа во дворот и забележав мали куќички, за маалските, „безспризорни“ мачки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Веќе бев решена дека тоа е нешто што треба да се направи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, за разлика од Раскољников, бев решена да внимавам подобро, тука да не заглави и нејзината (полу)недолжна сестра.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А бидејќи, длабоко во себе, беше убедена дека болеста беше причината за неговата тага, таа беше решена да не зборува за болеста, колку и да ѝ беше неподнослива болката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пресудата беше спроведена доброволно, без да има потреба да ја иницира понатамошна извршна постапка, на која беше решена. 77 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По окончувањето на спорот пред повисокиот суд, Зефиќ добива морална сатисфакција затоа што успева судски да го добие спорот, и се враќа на работа на место соодветно на нејзиното образование – виш соработник за управни работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со тоа го отежнавме делото, за кое бевме решени да го жртвуваме нашиот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А, „марките” по кои лудуваа сите мои другарки, со кои беа полни убавите излози на бутиците и за кои рекламите беа најубави, не можам да кажам дека не ме привлекуваа. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мој е романот и јас ќе го имам последниот збор – инсистирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш ѝ го реков сето тоа и бев решена да не ѝ дозволам некои нешта да ги пушти во печат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој момент бев решена на секој начин да се борам против кичот во мене, иако не знаев зошто е тој толку многу страшен и треба да се искоренува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега беше решена да влезе внатре и да разговара со нив. Со сите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, ете, се случи. Што натаму? Беше решена да оди до крај.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Севда беше решена и заминаа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Отоманците во зенитот на освојувачките походи, откако беа одбиени пред Виена од вратите на Европа, беа решени Скопје да се овековечи во нивна капија на Ориентот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Под таа причина Мариово стана некој вид прибежиште на сите оние што беа решени да ги напуштат своите господари – бегови – во полето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Колкупати бевме решени да не го прашуваме за слични нешта, но никогаш не си достојувавме на зборот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Независно од сè ова бев решена да го прашам дед Павел за Рајна но за жал Аксја ме спречи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа момчето Мане почна на оро да се фаќа до мене и ми беше некако здодевен. Бев решена со никого да не се забавувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)