бев (гл.) - силен (прид.)

Поради тоа што волјата никогаш не му беше силна, а карактерот, како што низ годините од него се бараше сè поголема послушност кон сè побројните авторитети, му стануваше сè покревок.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ах, тој молив, човек во човека На Јован Павловски Кога ќе докрајчи моливот, кога ќе снема сили никакви траги да остави зад себеси, човек не треба ништо да му зборува, ништо да му доверува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја губеше концентрацијата во читањето која, инаку, постојано му беше силна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го слушна Тошевиот глас и се заслуша. Гласот беше силен и необичен. Изгледа дека Тоше се кара со некого.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се зареков повеќе ниту една мисла да не споделам на патот колку и да беше силна провокацијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа не беше силен дожд и не тропаше додека врнеше, се брануваше во водни платна и воден прав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Болката во зглобот беше силна но не можеше да го потисне срамот пред жената пред чии очи со зеленикави пламенчиња се чувствував бедно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но бев силна и ги презедов работите во свои раце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нѐ натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, ефектот сепак беше силен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во тоа не беше силен да го задржи дури ни стравот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гламните беа силни само додека летаа по воздухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Удираше околу себе и се сеќаваше на влажните лица од детството. Беше силен и сигурен со ножот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, тоа со Томо не беше случај. Неговата течна одмереност во секој искажан збор проследен со лирски елементи, шареноликоста на темите со кои беше силен, кај Јана уште истата вечер оставија впечаток на високоинтелигентна личност, на кого книгата не му е непозната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Единствен негов пријател и другар, се чини, беше силното и мошне верно куче Андруша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Боже, каков беше силен, горд во тоа време!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Особено кажувањата за животот беа силни, чисти, раскажани со разбирлив, близок јазик, веднаш во душата да ти се всади болка за оние за кои се говореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко донкихотовски и се спротивставуваше на историјата, со својот живот, со своите постапки, со својот егзил, со своето перо, додека Мајка фаталистички ја поднесуваше со нејзините симболи и тотеми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше врска клучеви на напуштените куќи во селидбите верувајќи дека еднаш ќе се вратиме до нив колку и да беа силни границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дојде времето, за жал тоа мораше да дојде и за Арафат, кога човекот кој во својата душа и врз своите плеќи ја чувствуваше сета тежина на големиот мит, на легендата, колку и да беше силен духот во својата алхемија, хемијата на телото имаше свои крајни граници, особено кога беше нагризено, тоа мораше еднаш да попушти, да се урне...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, за волја на вистината, мора да се рече дека изненадувањата кои ги приредува животот се вон метафизичките сфери, тие се и во жестоката реалност на антагонизираниот свет, во судирот на протагонистите на непомирливите разлики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Била силна тенденцијата граѓанинот да зборува турски (Vatanda oturk konu o)!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се двоумеше дали да го купи овој роман за славниот период на Отоманската Османската Империја, кога беше силна власта на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу своите пријатели имаше и сефарди од кои за прв пат го слушна јудеошпанскиот, кој по големиот расцут во Османската Империја беше во залез, во времето на револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк, кога беше силен притисокот на турскиот монолингвизам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, да се разбереме синко, кадиството беше силна институција во муслиманските монархии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше силен и сигурен со ножот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа им беше силна причина да ја мразат и озборуваат Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Терапијата не помогна. Поривот да извикува пцости на сет глас беше силен како и порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку беше силен инстинктот за опстанокот во кружниот живот на јагулите, размислуваше Татко, а во свеста му беше судбината на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нашето на Балканот заврши. Бевме силни, поданици на империја, владеевме пет векови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Набргу почина. Ја погребаа во Корча. Беше силна жена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, колку и да беше силна инерцијата на идеолошката пропаганда која доаѓаше од далечниот победнички центар на Сталин, не можеше и новата острина и на најжестоките, непомирливи апаратчици да не смекне крај ова големо Езеро, со реката на вечно заминување, кога беше во прашање делото на Игор Лозински…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се воздржуваше... колку и да беше силна Партијата и власта, си беа поврзани, роднински, пријателски, кумовски, сватовски и со други односи. Не отстапуваа лесно од овие врски. Јагулче добро го знаеше сето тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дедо ти беше силен човек, но бргу скршен по раната смрт на првата жена и маките што му ги донесе новиот живот, со децата, макар одраснати, но сираци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веќе не сум сигурен ни во тоа колку беа силни пукотниците што слегнуваа од ридот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се паркира пред кафеаната „New age“: и отидовме на ракиичка. Онака кејфски. Со таратур.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во моето детство, многу од овие стари занаети не постоеја, но духот на Скопската чаршија – сè уште беше силен!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Меѓу Сцила и Харидба, меѓу две големи опасности, меѓу субверзивните сили на животот соломонски бараме одговор на прашањата: -„Зошто денес ни се случуваат несреќи?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, моите чувства беа силни, на моите слаби рамена прометејски го носев товарот на тагата, но успеав да се исправам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Мора да си гладен, - заклучи тетка ми откако слушна еден извонредно силен татнеж кој одекна од моите истрауматизирани црева.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така, за мене тетка Олга беше силна, разумна жена со бујна, руса коса, крупна уста, правилни, бели заби и огромни очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Глас: Слонови наместо коњи, беше силна војската на Пор.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И јас на негово доба бев силен како момче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше силна тишина. Се слушаше мувата која громогласно и громко леташе како да е царица на просторот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)