бев (гл.) - скриен (прид.)

Таму беа скриени во густата гора и аскерот не ги знаеше каде се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако го напуштат овој положај, ќе ги фати денот, ќе ги стигне аскерот можеби на некој незаштитен терен и сите ќи ги избие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се прибере народот сигурно ќе и бараат бунтовниците, а ако не се прибере — отиде селото, — им објаснуваше Трајко и ги кршеше прстите, молејќи секого да ги прибере своите домашни што побргу. Co група од пет шеесет луѓе и жени Трајко дојде кај ужина пред конакот и го замоли својот стар пријател Арслана да му даде мувлет до утре и изим да распрати луѓе по мегданот, да го прибере народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги обиде и сите селски улици, викајќи си повеќе за себе отколку за селаните, и веќе тие што беа скриени во јамите, во племните и амбарите, во кочините и разни други скривници, почнаа да излегуваат, прашајќи го што стана, како стана и што мислат сега агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Надежта беше скриена во последната солза...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И затоа се сложи со Климент Камилски да трагаат по неизвесните лавиринти на балканските јазици каде што беа скриени османските.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подоцна, во перформансот Вечерата на сите светци, целата акција дотолку беше изменета што во векната леб беа скриени повеќе стотици парички, додека во шишето за вино сега имаше златна течност. Lazer сега врескајќи најсилно што може цитираше текст од библијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никој не можеше ни да ги препознае како што беа скриени во својата забраденост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Водата ѝ ги беше избришала белите праменчиња, а подвратните брчки беа скриени под дебелата ролка префрлена преку најновиот модел тексас фармерки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак големите заби му беа скриени; ни копито ни маска не ќе му ги раголеше - тагата, или нешто загатливо, му лежеше во очите под темни стакла.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Шумата се згрчи пред болката на царицата - во тоа завивање беше скриена и онаа закана што се јавува кај волчицата на плодење и на умирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Видоа голем број луѓе во униформи и во цивилна облека, а во шумата беа скриени санитетски коли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По некој саат излегла сончеа сестра од кај што беше скриена и ватила да суредуа куќата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Трчаница бабата влегла в куќи и ја прегрнала со обете раце, та ја избакнала и откоа беше ја испрашала од кај дошла и што дошла, си ја поќерчила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Шумата се згрчи пред болката на царицата - во тоа завивање беше скриена и онаа закана што се јавува кај волчицата на плодење и на умирање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Црнецот лежеше зад задните тркала на зелениот автомобил; беше протегнат на грб, со накривена глава и отворена уста, со недоречен крик меѓу забите; левата рака му беше скриена под скоро моминската половина, десната, како да сакал да се вати за нешто, имаше згрчени прсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Желбите секогаш беа скриени помеѓу зборовите со кои го кажуваше своето забележување, воодушевување или несогласување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ гледаше со очекување дека ќе ги препознаеме неговите желби, ние ги препознававме и ги премолчувавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговите желби секогаш беа скриени помеѓу зборовите со кои го кажуваше своето забележување, воодушевување или несогласување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме гледаше со очекување дека ќе ја препознаам неговата желба, јас ја препознав и ја премолчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неразбуден, можеше да го види само песокот, додека илјадниците златни ѕвезди, испомешани со правот, беа скриени од неговите очи, затоа што тој гледаше само со очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Другпат, пак, имав муниција и ми беше скриена, така, во еден ќош а озгора ставена слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)