бев (гл.) - слаб (прид.)

Целото мое суштество се свиваше од таа измама, јас ковев страшна одмазда, но знаев дека таа ќе остане само во мене. Бев слаб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затнатите јајцеводи и надежта дека истиот проблем може да се реши, беа слаба утеха за Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Точно е, јас `рзнувам“, претече во него се. „И лајам како мачката на еден Каин и еден Авел.“ „Па?„ Адвентистот гледаше во него, во својата смрт, беше слаб и набиен в кожурец на неизлез, беше бессилен дури и да помоли за милост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Рози беше слаба и без колкови, но панталоните ја правеа да изгледа како машко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имаше кафеаво – црвеникава коса постојано врзана во реп, беше слаба и висока како модел од Фешн тв и имаше лице налик на верверичката што се појавуваше во секој број од детското списание "Зорица", кое што Александар и Дарко го добиваа секој месец додека заедно одеа во забавиште.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Душата на отец Пелазгиј навистина беше слаба и не веруваше во самата себеси, а камоли во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се потев (дланките ми беа сосема оросени), нозете ми трепереа, колената ми беа слаби како да сум болен; Луција гледаше рамнодушно во мене, се насмевна некако со сожалување и со некаков воинствен цинизам (младиот маж не знае дека тоа е сигурен знак на наклонетост) рече: „Доби шанса, нели? Оти на Земанек не му се мочкаше“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ноќе ја сонував, бледа како Богородица; многу често ѝ ги сонував само колената, колената на Луција, и не ја гледав цела; колената ѝ беа слаби, измачени, и јас само можев да им се восхитувам на тие колена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чекорите на прогонувачите беа послаби од тој татнеж.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знам дека ги заслужив, бев слаба, не можев да издржам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Барем го вратив онаму, од каде што беше тргнат, мислеше, барем го натерав да се врати во својата стара шума. Беше слаба утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше сам и беше слаб, му идеше да вреска од тоа, застанат, како исфрлен на снегот; за него не сакаше да поведе сметка ни оној стар мршар, што почна полека да се довлечкува кон крвавата паласка под неговата стреа, како воопшто да не постоеше никој како него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзините прсти беа слаби, елегантни и многу бели во споредба со бургундски црвениот лак на ноктите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мигар тука беше слаба. Се правеше, да му помогне со нешто на татка си.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие мисли беа слаби да им зададат некаков страв на властодршците од големата и силна Отоманска Империја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука беше слабата страна – водата – и затоа по збор-два ја споменуваше водата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нестварни беа слабите гласови на децата, тие го молеа Кејтеновиот син да падне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Луѓе мои, се колнам, рацете на татенцето беа слаби, видовме, влезе во него водата, го однесе, не вадејќи го погледот од тоа чудно изделкано дрвце на полуглас, како за себе повтори: - Мајка, па погледна во Кејтен, во сите нас направи нешто што никогаш не можевме да го замислиме, нешто што не ќе може да се раскаже и со најубави зборови во својата целост, вистина, но нешто што мора да постои, што го чува човека од најголемиот мраз, нешто што неискоренливо мора да живее во човекот, во секој човек, го подигна уште еднаш дрвото блиску до своите очи и, со глас што дотогаш не го имавме чуено, изусти: - Зар толку часови по снег, зар толку денови на студ, зар толку страв, - мрмореше Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Крчмарот не беше слаб. Имаше долги раце и дебел врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој беше многу храбар, ама за команда беше слаб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа спиеше до него, тој ја хранеше и беше како бумбарче дебела, додека јас бев слаба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Неколку мига порано врескаше и беснееше но сега беше слаб, премален од сето ова, и мајка му стануваше неколкупати за да му го грее челото со топли облоги.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Светлината беше слаба, но можев да го видам црвенилото што ја облеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше слатка, мојата мала Емили, мојата викторијанска принцеза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Од Шведска е“, рече таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)