бев (гл.) - среден (прид.)

За разлика од нив, кои беа средни по раст, цврсти, црномурести и решителни, Јован беше висок, огромен, русокос и папушлав скиталец во европејска облека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навистина и другите Акиновци се облекуваа така, во градски, но неговата облека беше од посебен крој.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)