бев (гл.) - убав (прид.)

Еден магазин објави нивна слика, велејќи дека тие се испитано добри, легални.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Тоа беше убава реклама за гулаби“, вели Херман со горчина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нѐ сместија во убави вагони. Возовите беа убави, купињата чисти, со креветчиња за спиење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да, многу, многу беше убав, и одговараше Еца... Најубав, додаваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Току ногу беше убав татко ми мој, се чудеше Слобода!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Девојките во Калифорнија веројатно беа, во стандардна смисла, поубави од девојките во Њујорк, но мене и понатаму ми се допаѓаше начинот на кој Њујорчан­ките беа убави - чудни и невротични (девојките секогаш се поубави кога се на работ од нервниот слом, а нашите девојки секогаш беа тука некаде).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рака на срце, во тоа време ионака во Сан Франциско можеше да се најде што и да се посака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
БЕШЕ убав и топол есенски ден кога од Солун тргнав кон Кавала по цариградскиот пат низ кој, уште на тргнување, минуваа многу автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Расправа едни будалски... Кочо се загледа во неа. Беше убава - танка, престегната со утаре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој беше убав, висок и сериозен триесетгодишен маж.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој беше убав на лице. Чело високо, издадено, сето лице правилно исечено, и само една танка линија во полукруг десно од устата ја нарушуваше правилноста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На фотографијата обајцата молчиме загледани еден во друг и скаменети веќе сами во себеси преповторуваме: Верно, животот, можеби, не беше добар но беше убав...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Имаше еден, само еден, во толпата, беше убав и силен, но со израз на глупак, ништо во него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од што им беа убави гласовите на билките од што им беше жална молитвата добиче стиснато до ѕидот со испружен јазик хули на бога и фрла копита кон небесата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа беа убави плетеници од стеблата на житото, кои се закитуваа со полски цвеќиња и од кои право прудолу се бесеа неизронети класје, слично на брада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Те гледам, така убава како секогаш. Знаеш, секогаш ми беше убава мене... Без мана.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Ех, колку ќе беше убава градината ако не замрзнеше Белото, - рече човекот во чија градина растеа јоргованчињата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога останавме само Роско и јас, почувствував колку беше убава песната на канарецот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тоа беше убава и во исто време страшна слика, но сега да ви расправам - ме најдоа седум весели црнчиња со кадрави коси и бели заби.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не чувствував жед. Можеби ме напоиле додека спиев можеби и сам сум пиел од некој извор без да знам дека сум го сторил тоа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Рози беше убава, но Кети не можеше да ја види убавината кога во неа немаше здравје и виталност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дедо беше убав висок човек кој сѐ уште носеше селски алишта што веќе станаа реткост и за селото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Едно утро видов дека Цецилија ги има отворено ширум прозорците – беше едно од оние ретки утра во тоа лето кога дуваше ветре - и завесите излегуваа надвор, како бели крилја се пружаа кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да забременам, за него го знаев само тоа дека неколку месеци пред тоа беше дошол во нашето мало гратче, налик на село, за да ги поправа тркалата на коњските запреги.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поинакви, а сепак исти. Татко ти беше убав, а сѐ меѓу нас се случуваше во шталата на соседите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој си вели: оти јас да умрам, нека умре оној што сака јас да умрам. Ако беше убава смртта и господ ќе умреше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме разочара зашто ми беше убава и имав добро мислење за неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Марија беше убава жена: имаше привлечно лице со блага насмевка со која ги откриваше бисерните заби, кои, се чинеше, повеќе ѝ служат како украс, отколку за јадење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Денот беше убав, сув и светол. Не врнеше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Атина беше убава жена, но судбината не беше баш блага со нејзе: многу млада остана вдовица и со синот повторно живееше кај родителите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко им Таки беше убав човек, со руса коса и долги светли, негувани подвиени мустаки, со сини очи и оштроумен поглед.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Денот беше убав, сончев, светол.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас се бев оддалечил најмногу од неа во долгиот дипломатски мандат... Писмото беше испишано само на една страница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ракописот беше убав, неизменет уште од времето кога како дете сираче, останата без мајка, еден период живееше кај својот вујко во Солун, учеше кај солунските лазаристи француско училиште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку беа убави вечерите во Хаваи, кога сонцето заоѓаше небото имаше прекрасна црвена боја.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Газдата на хотелот ни кажа дека во таа соба има престојувано Џон Кенеди Џуниор. Колку беше убав Вермонт.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа беше убава. И, речиси во сѐ успеваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ох, колку беше убава таа вечер. Ја тераше да заборави на сите грижи. На сето лошо што ѝ се случуваше до скоро. На она неизвесно што претстои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Навистина, не беше убава седбата насекаде, ама „Гошово“, а особено Сукаловите нивје, немаа никаква маана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Денот беше убав, светол. Небесната синевина се огледуваше во езерската.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде Балканците не стигнале меѓусебно да си ги уриваат храмовите, и тоа за него беше убав знак.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Учителот додека деновите беа убави, наставата ја држеше надвор, во природа; но кога зафатија дождливите и студените есенски денови, бараше да му се ослободат училниците за да продолжи внатре, но командантот му викаше: - Какво школо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Цара беше убава девојка, стројна, со јадра става, со складно тело, со раскошни бедра, со здраво, свежо лице, пламнато како тутенка. Погледот ѝ беше опчинувачки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите му беа убави, но не знаеше која му треба нему.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Животот на Еда Бранов од Охрид му беше убав и тоа го одржуваше секогаш насмеан и готов да се насмее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше убава, со долги црни коси, со сини очи, ведар израз, висока, стамена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакав да сфати, но на индиректен начин дека ми годи ваквото однесување и дека она, со нозете беше убава претстава што јас ја протолкував како нејзин обид да ја изгони од мене нерешителноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подоцна, токму оваа случка беше убав повод за шеги што одвреме навреме ќе заскитаа во разговорите на татко ми и на Лев Петрович.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Да беше убав, сончев ден, воопшто не би замолила“, рече таа разумно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се прашувам – што беше убавата сопруга на дебелиот управник на северните провинции?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Освен лулашки, имаше и клацкалки, ама тие беа за помали деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ми беше жал, затоа што можеби таквите како Миле ги кршеа лулашките кога беа убави, чисти и нови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Сите бевте убави и мили... деца... ми е жал дека во тоа време исклучиво не можев да излезам од работа“, рече тато Петре. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
О беше убава девојка. За жал, се роди со говорна маана. Не можеше да ја изговори буквата „O“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Животот воглавно ѝ беше убав; освен кога ѝ го загорчуваа децата на соседите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Самата ни раскажуваше – бидејќи јас бев убава девојка, дедо ти Тасе испраќаше повеќепати стројници и најодзади моите ме свршија за него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имав слободен ден од работа. Станав среќна и весела. Беше убав сончев ден.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ех, колку ќе беше убава градината ако не замрзнеше Белото, - рече човекот во чија градина растеа јоргованчињата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ибн Тајко го крена погледот кон лицето на жената и ја препозна. Атиџе. Не беше убава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но - што? И Иса-беговата џамија, подигната од син му, по смртта на Иса-бег на Лебното поле, како негова задужбина, и таа џамија беше убава, изградена од делкан бигор и редици тули: две од куполите ѝ беа покриени со олово, а имаше и трем со столбови врз кои стоеја помали куполи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)