бев (гл.) - црн (прид.)

Го виде како легна пред гавазот, како ги стискаше забите кога овој маваше по неговите дебели меса, кои сега беа црни како шалварите, и го дочека да стане и да се прибере кај светијована си Ордана Гламнов, каде Орданица веќе ги толчеше зелените коприви со сол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Г. Черингтон сѐ уште беше во своето старо сомотско палто, но неговата коса, која беше речиси бела, сега беше црна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Синоќа земјата беше црна, покривите на куќите црни а дрвјата голи. Немаше снег.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дедо Васја не го чу, а се плашеше да го потпраша уште еднаш.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Брегот се сокриваше во темнината. Ѕвездите не се гледаа. Водата беше црна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во Бечеј беше црната овца на семејството, сестрата на Никодин, Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едноличните сенки се вртеа в круг. Опашките им беа црни и лепливи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Даниел ја турна тешката врата што беше направена од штици, на она место каде што беа црните шарки на вратата, и влезе во замаглениот и студен ентериер.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Косата, која му беше црна и сјајна, му беше зачешлана настрана а над челото му стрчеа младешки локни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вториот подвиг беше црн.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Два подвига во две ноќи, вториот беше црн.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега навистина бев Црн брат со диплома.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Мац... Мац... Мачката не беше црна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едната беше црна, другата беше бела, но покрај тоа, тие беа идентични онолку колку што може да се постигне со козметичка хирургија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Проклетство”, помислува 45-годишниот советник на воената управа на Егејот, „треба одново да се навлекува онаа маска од добронамерност, тој сигурно влече делегација од Чифути со себе”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потем, одново: Јад и чемер завладеа во Градот и глад голема и беше темно, ноќ прва, а сивите Чувари се примирија и спиеја на небото, и го видоа тоа силите небесни и им беше многу жал и пуштија маана врз гладниот народ, но мааната беше црна та паѓаше од небото, не како храна, а како закана...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Това падна, сал се валка и не може да стани. Не ми беше црно орле тук ми беше Хитлер ѕвер.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Нејзините стапала беа црни, а над глуждовите, нозете ѝ беа отечени и сини.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имаше облечено црвен фустан, носеше црвени чевли и црвени обетки на ушите, а косата ѝ беше црна, многу долга, и пуштена низ рамената како на една слика од времето кога мајка ми била на твоја возраст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но сега таа беше црна, без прозорци, изрежонета и со лузни и дупки по ѕидовите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Натаму, нему ќе му се допадне и профинетата иронија, зашто подбивната фантазија се извишува над обичното боење со црно на една ситуација која навистина беше црна...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така го викаше мачорот бидејќи беше црн.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)