бев (гл.) - љубезен (прид.)

И ќе го сочував ли, ако не беше љубезното момче, тој убав пролетен ден во Прага за спомен и за долго сеќавање?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Курвата (ѝ се гледаа гаќите) беше љубезна со сите и кога зеваше (зеваше без заштита) си го рекламираше грлото.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тие беа љубезни, го канеа Петрета де ваму, де таму, како да е богато облечен јунак, разговараа со него, се интересираа за панаѓурот со дикат, и сето тоа изгледаше како сон, таа почит и таа мекота во однесувањето и во движењата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше љубезен и се радуваше што некој се сетил дека и тој живее под ова небо; го вртеше копчето на Манушевата кошула, шушкаво дишеше и се доверуваше со задоволство, како пред стар пријател.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Капетанот беше љубезен, ни објаснуваше, ни раскажуваше настани од пловидби на далечни мориња.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таткото беше љубезен, неговата сила владееше со Луција од притаеност и таа безболно ѝ се покоруваше токму затоа што не ја препознаваше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кристијан Фаур, директор на Технологии за соработка во уметноста при Универзитетот Денисон, Охајо, САД, беше љубезен да ми помогне во обезбедувањето пристап до академските списанија во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Им благодарам на д-р Волфганг Суцл од катедрата за Мировни студии при Универзитетот Инсбрук во Австрија и Арон Леви, куратор на павилјонот на САД на Венециското биенале на архитектура 2008 и професор на Факултетот за уметност при Универзитетот Пенсилванија во САД, за нивната концептуалната поддршка при работата на текстовите во оваа книга, од рафинирањето на првичните идеи до нивните информативни коментари во разните фази на работа врз текстот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)