бев (гл.) - готово (прил.)

Во Софија Гоце се запиша во военото училиште и облече јункерски мундир 21). Военото училиште траеше четири години.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И едно утро, кога сѐ беше готово, Гоце им ја бакна раката на расплаканата мајка и на татка си, се прости со своите пет сестри и трите помали братчиња и киниса за Софија...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Она коешто за својот претседател беше готово да се престори во збор, парола, цвет, во раскошна слика на стадионската трева.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во рок од само две или три минути сѐ беше готово.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Самочувствието му се зголеми: Палтото убаво му стоеше: ново, елегантно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За неколку дена палтото беше готово. Павле го облече.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога сѐ беше готово, фотографот уште еднаш се премисли.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога сè беше готово за кревање, се качи горе на врвот и Петре Даскалот кога ќе ја стават во оската, за да и ги стави железните чивии и да ја заглави.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во меѓувреме се собраа и други луѓе: донесоа ортоми, скали сè што требаше, така што кога дојде камбаната, сè беше готово за кревање.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога сè беше готово, кога тројцата слегоа од камбанаријата и ги собраа ортомите, Чорола не издржа, рече: - Сега, со Господ на помош да ја удриме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога веќе сè беше готово моравме да ги завршиме мачните процедури и подготовки за твојот погреб.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Значи, навистина беше готово, крај на маките, крај на надежите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Престанав со плачењето, сите молчевме, секој гледаше пред себе со наведната глава, немавме смелост да се погледнеме во очи, никој немаше повеќе што да каже, сега сѐ беше кажано, сега сѐ беше готово.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Го претепа, и јас и Земанек го изнесовме од училиштето (подоцна Фисот беше сменет поради тоа и доби укор пред исклучување и од Партијата, но веќе сѐ беше готово, оти Лудвик веќе нѐ беше напуштил); тој го замоли Земанека да претрча до кај него дома, да му земе една торба со алишта и да му го донесе саксофонот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Уморен ли си? - го праша Бојан Денка, кога сè беше готово.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше едно јарче, Змејко сега можеше добро да ги здогледа неговите рокчиња, израснати правугоре, а таму свиткани како куклушки кон назад, и тоа јарче потрепери во еден миг и го побара со погледот, просто како да се помачи да се оттргне од сосредоточеноста на неговиот поглед, да избега пред неговиот нишан, тоа се обѕрнуваше неколку пати, како фатено во таа смирена низа дивокози, а сосема, само и изделено од сите нив со таа неспокојност, во која беше готово уште во следниот миг да отскокне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога јадењето ќе беше готово, го тераа првин тој да јаде, а потоа офицерот им даваше на војниците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А овој брзо, само малку го боцна, и сѐ беше готово.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јадењето беше готово кога од продавницата за домашни миленици му јавија дека поради некаков проблем пингвините сепак нема да му бидат испорачани.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога сѐ беше готово, и вовчето запре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се изненади, кога виде дека јастребот со клунот го колве јажето што беше готово да се скине.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мигум му стана јасно дека овој пат, „со големиот брат” Сталин, беше готово!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакаше да ѝ каже дека со Сталин сѐ уште не беше готово.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)