бев (гл.) - мирно (прил.)

Во долината сѐ беше мирно пред зората.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Морето беше мирно и од него доаѓаше свеж воздух.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Езерото беше мирно. Но кога прстенот засјаи во раката на пашата, тоа тивко зашуми.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По патот ништо не се меркаше. Сѐ беше мирно и некако пусто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ беше мирно. Наоколу никој не се меркаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Насекаде беше мирно и нив им се чинеше дека никој не ги чул.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Можеби и го сакаше тој, сето она, што се случуваше сега надвор, но и тоа негово сакање беше мирно, со полно познавање и со полно разбирање за дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но езерото ретко беше бесно, ретко му идеше некоја лошина и бес што требаше да ги истури, а почесто беше мирно, спокојно, полно со светлина што одблеснуваше на куќата од Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И сѐ беше мирно додека не припукаа двете војски помеѓу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашето село беше мирно, но сепак беше убиено едно наше момче, немаше ни петнаесет години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Под него се наоѓаше везировиот тркалезен печат, поделен на две нееднакви полиња: на поголемото пишуваше: Јусуф Ибрахим, вистински роб божји, а на помалиот везировата девиза: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму кога тоа го наредуваше – беше мирно утро кон крајот на летото – му ја донесоа молбата на еден млад и учен цариградски муалим, кој беше родум од Босна, инаку многу надарен за пишување убави стихови и кого везирот одвреме навреме го даруваше и му помагаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Излегла да бере трески утрината, уште кога беше мирно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тивко ја затвори вратницата. Се насмевна. Поткровјето беше мирно како буроносен облак пред луња.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)