бев (гл.) - одамна (прил.)

Ама на Илка сонце му грее! Бркаданикот беше одамна готов и речиси истана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Баба Маловица ја „бабуа" Доста до трите дена, го капа малиот ерген, нарачува на трите вечери и на сповојницата главната работа по дома таа и ја сврши, бидејќи Митра беше одамна и јавно оладена од Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие змијулести риби беа одамна исчезнати и од неговите мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оние пак на нашата баба, најчесто го упатуваа Татко кон Цариград, по стапките на предците кои беа одамна заминати и добро вгнездени во нова Турција која Ататурк ја спасувал и ја издигнувал од урнатитите на Импаријата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И во тоа општо стврднување на позициите, што настапи околу 1930-тата, некои постапки што беа одамна напуштени, во одделни случаи и пред стотици години - како затворањето без судење, употребата на воените заробеници како робови, јавните егзекуции, тортурата заради изнудување признанија, употребата на заложници и депортациите на цели народи - не само што станаа повторно вообичаени, туку беа толерирани, па дури и бранети од луѓе кои мислеа за себе дека се просветени и напредни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со некаков избледен ентузијазам, ќе покажеше со прст на ова или она парче старудија - порцелански затворач за шише, насликано капаче од скршена кутија за бурмут, медалјон со прамен коса од дете што веќе беше одамна мртво - никогаш не барајќи од Винстон да ги купи, само да им се восхитува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сезоната беше одамна измината, но сепак можеа да се сретнат гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Застанав пред неа како пред светилиште, заборавив на времето зошто на оваа слика времето беше одамна застанато.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На белото платно насликан мост, на едниот крај луѓе со спокојство во очите и блажени насмевки, а на другата страна се беше темно, модро небо, уморни погледи, скаменети насмевки, замрзнати солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но тие беа одамна помирени со судбините, нивна единствена грижа беше како да им помогнат на своите потомци да го разберат Балканот и подготвени да живеат во него без омраза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, без дополнително да се договорат и да ги сообразат своите истражувања за новите зборови од листата, сега трагаа и по позитивното што можеа да го донесат зборовите со однапред пропишана негативна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отфлања од средината и јавно бележење? ... На ова нешто бев одамна свикната и без да направам реален престап.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога игуменот излезе од црквата по вечерната молитвата, мракот беше одамна спуштен и го забележа Стивенс каде што сè уште стои загледан кон езерото осветлено од месечината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кети беше во брак со него повеќе од четириесет години и тоа беше одамна откако таа престана да мисли на него како на свој сопруг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еднаш, тоа беше одамна. Дете сум бил.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога животот сакаше многу години подоцна во Македонија, која стана наша нова татковина, предодредени пред тоа да ги следиме емигрантските процесии на пребегнатите албански емигранти во Југославија, на конечен пат кон вообичаените дестинации кон Америка, Австралија или Нов Зеланд, минувајќи пред тоа неколку месеци во неколку европски емигрантски прифатни центри, да станам нејзин амбасадор, првин, предложен од Социјалистичка Република Македонија во рамките на тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Република Тунис, акредитиран во Арапската лига, како и како прв амбасадор во државата Палестина, на чело со Јасер Арафат, која само земјата што ја претставував ја признаваше како независна држава (во периодот од пролетта 1985 до есента 1989 година), а потоа и како прв амбасадор на новата независна Република Македонија во Република Франција, при УНЕСКО во Париз, акредитиран во Мадрид при Кралството Шпанија и во Лисабон, во Република Португалија, Татко беше одамна исчезнат, (на 29 февруари 1979) а јас имав чувство дека го продолжувам неговиот неизвесен дипломатски пат на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Кога беше тоа? - 1948 –та и 1949-та. - А, тоа беше одамна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остана во нашиот дом до почетокот на зимата, и кога разговорот меѓу нас трите – меѓу неа, мајка и мене – замираше, Марие бесшумно излегуваше од просторијата, и се враќаше долго потоа, со вцрвенети очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога завршив прво одделение, а тоа беше одамна, многу одамна, ми подарија за одличен успех неколку малечки, шарени книшки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние децата бевме одамна будни, неспани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше одамна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа, како некогаш заедно одевме на лизгање и како ветерот й ги носеше зборовите: „Јас ве љубам, Надењка“, тоа сè уште не е заборавено; за спомен во животот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стариот беше одамна сронат, столбот на семејството. Не се мешаше во моите одлуки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Да! Но како?“ „Ох“, рече момчето, „тоа беше одамна.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)