бев (гл.) - поинаку (прил.)

Во овој јануари во Париз, сепак, беше поинаку, се разбира, пораздвижено, зашто тука се биеше битката за мир во Виетнам, се разбира во тајните преговори крај зелената маса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога се движите низ овој град, сметате дека сообраќајот се одвива без ред, но и во тоа безредие постои некаков ред, зашто ако беше поинаку би настапила бркотница и би дошло до сообраќајна катастрофа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби сѐ ќе беше поинаку ако се поздравев со тебе, ако ти се извинев за онаа вечер со светулките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А порано, само до пред десетина и повеќе години, ех - тогаш сè беше поинаку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Правдата ќе беше победник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина не сум спремен и не сакам да го сторам тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да се беше потрудил да и изречеш барем неколку топли зборови, и да го стореше она...што се претпоставува дека требало да се случи, се ќе беше поинаку!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да беше поинаку уште веднаш ќе требаше да го избришам најубавиот дел од изминатиот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И рекоа вака, оти не беше поинаку: Стефан Писмородецот: „Добар е предлогот мој“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тоа беше вака, оти не беше поинаку.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Огненото тело протрча крај нас, мина низ телото на отец Стефан како низ ништо да минува и одлета кон небесата, над шумата, над ридот. Така беше, оти не беше поинаку, смерни и бедни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете така беше, благоутробни а бедни, оти не беше поинаку.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете тоа беше и на таков начин беше, оти не беше поинаку.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да верувам дека загинал во ров со уште стотина други војници?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да го донесеа неговото тело, ќе беше поинаку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но сега сè беше поинаку.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ништо без агротехника, - се согласи Раде. Некогаш беше поинаку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да беше тој тука, ќе беше поинаку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сè кај него беше поинаку, небото беше чисто, сино, високо, бескрајно, весели птички летаа, црвени знамиња се виореа, срп и чекан цутеше на секој ѕид, црвени ѕвезди, медузи, мекотели, пролетери од сите земји, тојчас тој беше со нив, чекореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби се ќе беше поинаку ако тогаш ти го кажев тоа што навистина го мислев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нивното прво водење љубов беше обичен чин на волја. Но по вториот пат беше поинаку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку ќе се радуваа ако сѐ беше поинаку. Не на овој начин. И не со оваа жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога сѐ беше поинаку. Кога живееја во изобилство...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Каде и да живееја, ќе беше поинаку.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кај Анѓа беше поинаку. Таа со Стојана џрипечали два сина и една ќерка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
10. И малите деца знаат дека се сонува и на исток и на запад И дека тие соништа напати галежно се допираат И си шепотат нешто што нема никаква врска со јавето Оти во јавето нема источно-западни галежни допири Има купишта лажни насмевки на недоветни главатари Заскитани и којзнае како стасани на врвоите на власта Лебдечки главатари со прилично празни глави Кои служат како очевидна потврда Дека некој може да стаса на врвот без да се искачува Главатари тапкароши на евтини прирачници по светска демократија Главатари кои се најочигледен историски доказ Дека она што поминало не се враќа Зашто ако беше поинаку сетики ќе се најдеше некој Кој барем од далеку ќе заличеше на Рузвелт Черчил или Сталин А зошто не на Тито или Де Гол Море викајте вие што сакате Ама ќе да беше во право оној Маркс од пабот Спанниардс Инн во Лондон Кога еднаш рече дека историјата се повторувала како фарса И викајте вие што сакате Ама од секој руски и американски вселенски брод Со голо око може да се види дека источните сонови Некако поинаку лебдат од западните За кои на исток велат дека емпириски утврдиле Дека воопшто немаат никаква сонувачка специфична тежина Толку што биле сурови реалисти западните сонувачи Источните сонувачи многу сакаат да си ги фарбаат соновите во разни бои И секој знае дека на најстраствените сонови им личи црвената боја
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кај Хичкок, сè беше поинаку.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако беше поинаку, чедо мое, ќе си ја затнев устата, ќе си го преапев јазикот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку, ни досадуваа сите оние кои не патуваа со иста брзина, но сега сѐ беше поинаку.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да можеа добро да ме слушнат и да ме разберат провокаторите на блиската маса, сигурно ќе беше поинаку.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да останеше подолго жив, ќе беше поинаку и денешниот свет ќе имаше друг изглед.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Добро де, сега! Ами зар под бившите кралеви и цареви ни беше поинаку?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)