бев (гл.) - попусто (прил.)

Но, сѐ беше попусто. Влегов во бифето во кое чекаа на воз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислата... Мислата... Таа му гребеше во душата. Таа го мачеше. Мислата... Не можеше да ја совлада... И бегањето, и пиењето - сѐ беше попусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но сѐ беше попусто и власта се откажа повеќе да трага. Сега Ном сам продолжи да го бара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чекав. Сето мое чекање беше попусто.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ ми беше попусто зошто сивите галии гореа во пламен од потопи и понори...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Денот сега си заминуваше зад некој срт пред него, како некој што те остава на среде река, без да ти ја подаде раката, и тука беше попусто секое довикнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вртеа луѓето како улави околу езерото, се загледуваа во водата, влегуваа во езерото кога ќе им засенеше нешто, претаа со стапови низ шеварот и трските, фрлаа камења во плитките места, но сѐ беше попусто.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со денови Полин се мачеше да ги фати, да ги врати назад во кафезот, но сè беше попусто; успеа да фати само неколку, а дугите се распрснаа која кај знаеше по куќите, по плевните, по дрвјата, решени да не се враќаат назад во кафезот, а некои ја фатија шумата и заживееја див живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сета снага сега му беше попусто, нешто посилно го имаше сковано, уништено.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледаш, не ѝ беше попусто трчањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)