бев (гл.) - постојано (прил.)

А на Балканот ништо не беше постојано, се разбира, освен козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лете пак, речиси беше постојано во селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И тој беше постојано и неизлечимо вљубен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отворена, со полустаклена врата кон чардакот и со еден голем прозорец кон реката, таа беше постојано светла.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Рози му беше постојано во мислите, во потсвеста, му го исполнуваше битието со нов сјај и богатство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поминаа повеќе години, но тој беше постојано некако присатен во нашето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во Гнездо децата на Дора беа постојано со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За време на оброците во трпезаријата бараше од нас да не седнуваме на местата околу неа, затоа што таму треба да седат нејзините деца, и таа ги хранеше: заграбуваше од невидливата храна со невидливи лажици и потоа ја ставаше во невидливите усти, а ги караше оние кои одбиваа да јадат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Децата на Дора беа постојано со неа, иако никој друг освен неа не успеваше да ги види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа им раскажуваше приказни, ги хранеше, ги водеше на прошетки, ги заспиваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рада беше постојано во одење од салонот до кујната, служејќи ги гостите, летимично фрлајќи поглед нешто да не недостасува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неда беше постојано во движење за да го смири палавото малечко кое штотуку беше проодело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето време тој беше постојано свесен дека храната полека и трпеливо му завршува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше постојано свесен за брзината, со која што можеше да се случи сѐ, што требаше да се случи, сега, кога тој беше толку многу откриен на голината, пред она, што беше скриено тука, недалеку, од леските.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзината глава беше постојано во рацете на грнчарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа ја ставаше да се пече заедно со сите со уплашени очи и целата испрскана со студеникава пот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој чекор на Арафат беше следен од невидливи тајни сили кои беа навлезени дури и меѓу самиот раиз, во неговиот дом, во неговото опкружување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
VIII Живеејќи со години во далните источни предели, бев постојано соочен со почестото верување на луѓето во фаталноста, во судбината, во зборот мактуб (беше пишано, во слободен превод), што го слушав постојано, во различни конотации, во зависност од настаните со кои се соочуваа луѓето, судрени со тешкотиите кои им ги донесуваше животот пред вратите на пустината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Боговите беа постојано жедни! Се сеќавав на книгата на Анатол Франс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го следеше смртта на секој чекор. Неколкупати речиси митски ја избегнуваше. Веруваше дека го штитат таинствени сили. Беше постојано во својот транс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако Татко со семејството се вгнездија во судбината крај реката, Татко беше постојано обземен од тврдината Кале, не престанувајќи од чардакот да го преселува погледот кон далечините кога беше најмногу замислен и не можеше да најде вистинско решение за мислите што го обземаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко од рафтовите со книги ги наѕираше хоризонтите на еден друг свет во чија потрага беше постојано.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и улиците што водеа до неговите надворешни бариери беа постојано патролирани од стражари со мајмунски лица, во црни униформи, вооружени со пендреци на расклопување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двајцата знаеја - на некој начин тоа им беше постојано во свеста - дека ова што се случува не може да потрае долго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во практиката, единствениот начин да се постигне тоа беше постојано да се војува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но во нивниот дом беше постојано присутна неговата насмевка на лицето. Ведрина, што ја внесе за првпат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги доживуваше границите, може да се рече, и физички и метафизички. Беше постојано обземен од нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека беше со нас, децата, ѝ беше постојано жива светлината во очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мене фашизмот ми беше постојано зад петици!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ниту сакаше јас таму да заминам, не пак да останам, макар што мајка ми, од турска рода, беше постојано со мислите свртена кон Турција, верувајќи дека таму ни е спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние бевме постојано подготвени за ова патување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бев со мислите со Мајка. Не ме фаќаше место. Бев постојано во движење.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ти, кога умираше во зафрленото планинско градче, беше постојано пронаоѓан.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Малку се созеде после еден разговор со еден Босанец, од рударско семејство, спиеше во креветот над неговиот и кој во лицето изгледаше како прегладнет и беше постојано со изглед на неизлечиво очаен човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко беше постојано импресиониран, загледан во водите, од сугестивната сила на минувањето, вечното течење, во кое се менуваат и заминуваат животи, остануваат анонимни митови за вечноста.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Устата ѝ беше постојано поднамуртена и не разговараше со нас многу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што ќе правиме сега? - прашав како некое мало беспомошно дете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие, и без тоа, беа постојано мокри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Бидејќи воопшто не старееш, - продолжи мајка ми како да не чула што реков, - Хајлендер беше постојано тажен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)