бев (гл.) - или (сврз.)

Меѓутоа, она што укажува на аномалија кај нас е фактот што количините на фелерични производи достигнуваат до 30%, па дури и повеќе, од вкупното производство на одредени претпријатија кои беа или уште се во фаза на трансформација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И што е стварност: тоа што беше или ова сега?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така беше тогаш кога се расебетувавме со Грците и им се токмевме на Турците: сѐ беше или Господово или пак Турците го имаа грабнато од рајата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гронинг: Во 60-те имаше многу празни ветувања за прогресивната едукација, но вистинската слика беше оваа: поголемиот дел од колеџите беа или додатоци на големите универзитети или беа сместени во нечија приватна куќа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имаше студенти по археологија кои, со шапки на главите, беа или клекнати или седнати на земја и внимателно копаа и расчистуваа на повеќе места од локалитетот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сите тие тогаш беа или на Сврделот или во рацете на Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие детали беа куферот и ѕидот со полици или без полици на којшто беше или требаше да биде диференцијалот, зад човекот облечен во костум кој како да му го подаваше куферчето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А потоа наеднаш сум потонал во реката на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и разговараше со некого (не сум сигурен маж ли беше или жена); се довикуваше со него или со неа преку планините на ноќта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сталактити беа или сталагмити?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За парадокс, пак, и неговиот професор и шеф, а и самиот тој - беа или потекнуваа од „бечката школа”; професорот навистина од старата, ама со тапија, а Миха од новата која и во самиот Беч не беше призната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па да видите, сакале или не, вие се позапирате и сега сосема сериозно, сами себе, се прашувате: - Таа беше или не?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ноќ ли беше или бел ден кога душите, од пеколот и умореноста печеа... гореа во огновите без виделина.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ноќ ли беше или бел ден кога душите од пекол и умореност печеа, гореа во огновите без виделина.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Видов, имаше израснато нешто исто како заби, но кога ги притиснав како од некоја тврда жила да беа или како ’рскавица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)