бележи (гл.) - суров (прид.)

Гледаш, јас сум повеќе син што не верува а помалку старец што не умее Понекогаш шетаме заедно по подземната железница Ти и јас Јас и ти. (Земање часови по Живеење под земја) (Мора негде да се истресе правта од искуствата за тоа Како кај нас толку лесно и пријателот ќе те предаде) Некојси кој ги бележи суровите аргументи Некогаш и метафората ќе ја повика да сведочи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)