биде (гл.) - допушти (гл.)

Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквото обединување е неопходност, а не ни е нужно семејно непријателство за некакво обединување со Бугарија што никојпат не ќе биде допуштено ни од малите балкански ни од големите држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дамческите веднаш прифатија но побараа да им биде допуштено тука, каде што им се подигнати колибите, да си соѕидаат куќа, а тој, Мусли бег, ако сака да работат за него, да им додели земја што самите тие ќе ја обработуваат и да издвои добиток и друга живина што само тие ќе ги одгледуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)