биде (гл.) - реши (гл.)

Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа, како знак на добра волја, Митревски се обидува најпрвин спорот да го реши вонсудски и на мирен начин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За таа цел тој, заедно со уште двајца други работници, праќаат писма до Министерството за култура и до НУЦК, во кое бараат, како изманипулирани поранешни работници, да бидат повторно вратени на работа и потенцираат дека најдобро би било спорот да биде решен вонсудски – а со цел да се избегнат скапите судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А кај нас, резонираше Чанга, навистина се посебни условите во изградбата на социјализмот, па затоа козјото прашање треба правилно да биде решено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој проблем нема да биде решен едноставно со враќање на имотот на неговите претходни сопственици или преку одделување на комунистите од не- комунистите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)