биде (гл.) - смета (гл.)

Во САД, сексуалните, емотивните и романтичните врски меѓу мажите, кои некогаш биле конвенционални, почнале да се разводнуваат долго пред крајот на деветнаесеттиот век, а средносталешките мажи почнале да го избегнуваат телесниот допир со други мажи од страв да не бидат сметани за девијантни.55
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Нивната цел, најпосле, била претпазливо да ја спречат општествената дисквалификација на своето страдање и да избегнат да бидат сметани за само патетични, така што ќе си го повлечат секој повик на сериозен третман кој и онака им е ускратен, додека истовремено ја соголуваат неумоливата орност на хетеросексуалните тактики во кои се побркуваат задолжителните општествени улоги со суштини и кои одбиваат да ја признаат личната автентичност како културна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
134 За еден правен лек да биде сметан за ефективен, тој не треба само да звучи така теоретски, туку треба да биде и применлив во практиката и да се гарантира дека со неговата употреба нема дополнително да се пролонгира постапката за заштита на загарантираните права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)