биде (гл.) - спаси (гл.)

Во наредбите што ги издаваше, не оставаше место за спротивставување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така Martin Jay вели дека на Adorno му била популарната култура (на која што самиот ѝ го дал изразот културна индустрија) толку несимпатична, што, како што признал подоцна, буквално нејзината цел понекогаш ја осудувал однапред, а и во однос на нејзината сметкаџиска, заговорничка природа не бил сосема сигурен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
2 Тоа е најверојатно заради фактот што критиката, што толку оперира со приближни и честопати измислени негативни ефекти на популарната култура, најчесто е прикриен израз на естетско незадоволство и несогласувањето со нејзината содржина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден од нив е труење со шака апчиња или евентуално со солна киселина и мора да се признае дека овој начин на самоубиство е доста едноставен ама може да биде заебан доколку ви налета некој у меѓувреме и ве однесе на токсикологија па вашиот живот навреме да биде спасен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да спасиш значи да бидеш спасен за вечноста.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие кои тргнаа за да бидат спасени, се витосаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)