биде (гл.) - дете (имн.)

Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
А некоја вечна тага се всади во моето срце и тоа лето мислам престанав да бидам дете.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Не биди дете, кој може да дознае каде престојуваш, а парите за кирија би ти биле добредојдени за џепарлак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во миговите на опуштеност и двајцата знаеја да бидат деца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слушај, јас сакам да бидеш дете, рече. Слушаш ли - дете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ајде, - рече потоа пријателски, со онаа иста, глупава насмевка, ајде, малечок, не биди дете!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа ќе го сториме кога нема да бидат децата дома!“ - ја заврши дискусијата претседателот на куќниот совет.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ајде да се смириме, Нина, не биди дете!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пеце се погледна со децата. Виде дека ниедно од нив не сака да биде дете на најгазда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Тоа значи дека... тоа значи да бидеш дете, мило.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)