биде (гл.) - кодош (имн.)

Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јован требаше да им биде кодош кај Доста, кај Батанџиовите невести, кај Дунава Макрева, кај Бојана Жиовката; па дури и кај Рожденката, ама слабо поминаа кај сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш, во тоа време, и децата ги тераа да бидат кодоши. Така ги учеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во право си, пријателе, не без причина е речено дека од сите служби на светот најпроклета е да бидеш кодош на зборовите на другиот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не рече Тодора дека очекува од попот да биде кодош и да го поткаже Петрета на светите отци во манастирот Свети Ѓоргија - Горг, па да ѝ го тргнат пред очи тој неранимајко што знае само деца да прави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)