биде (гл.) - поп (имн.)

СЕЛАНЕЦОТ: Немој, ти верувам. Еве одам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако сака да биде поп нека биде поп убавата Пела! уште повеќе се разлутуваше Дончо од што нозете почнуваа побрзо да му се движат и скоро како коњ во галоп поминуваше покрај работниците што веќе работеа низ стопанството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
СЕЛАНЕЦОТ: Да прочитам. Е — е, да знаев јас да читам, ќе бидев поп.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе бидеш поп, ќе бидеш поп, плови низ прозрачноста се додека со нозе не го допре дното на непознатата бездна... Во детството така престануваше црната треска.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)