биде (гл.) - близок (прид.)

Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Останав со мајка ми една недела, но не можев да бидам блиска.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Чувствував потреба да бидам близок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да поразговорам со некого, но не само со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога навечер легнував на креветот, припивајќи се до ѕидот, целото мое тело трепереше од страв и тага; заспивајќи, се борев за воздух, за вдишување и издишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие нејзини зборови ги слушав и кога не ми ги кажуваше; се вртев во затворениот круг опишан со „Ќе беше подобро да не те родев,“ сакав да се ослободам од тој круг и наутро посакував да влезам во кујната, како некогаш, кога мојата мајка ми подаваше врел компир, а јас седнував во аголот од собата, гледајќи ја како работи, и имаше многу такви утра во кои се надевав дека ќе можам пак така да влезам, и ќе ја прашам со што да ја искупам својата вина; во мене нешто можеби се надеваше дека мајка ми ќе ме пречека со оној некогашен поглед, и пак ќе бидеме блиски како некогаш; влегував во кујната но сега ме пресекуваше студенилото на нејзиниот поглед, грубоста на нејзините зборови, начинот на кој го заобиколуваше моето тело движејќи се низ просторијата, па прашањето застануваше во моето грло, остануваше таму и тогаш, и потоа; сакав да го повратам, да го исфрлам како што се исфрла расипано јадење, а тоа остануваше таму, како изгниена храна, но залепено за мене, одбивајќи да ме напушти, и јас го носев секаде со себе, како знак за ужасна вина која не си го знае злосторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)