биде (гл.) - верен (прид.)

Ти да бидеш жеден кактус, а јас капка која ти недостига, ти да ми бидеш верен, а јас стопати да те изневерам, да ги смениме улогите, па нека има од се по нешто, за мене авантура и удобност, а за тебе, како е да се биде ЈАС.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Напладнето се врати од училиштето и внучето на дедо Петрета, Дончо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе ѝ бидеме верни на Тајната внатрешна македонска револуција, верно ќе ѝ служиме и никој од нас нема да биде шпион и предавник.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Па зар во државава нема некоја чесна и домаќински воспитана мома која прилега на твојата убавина, што ќе ти биде верна и што ќе се грижи за куќава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Марија, знаеш ли да крпиш и да бидеш верна? Знам, ќе му рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако не Му бидеме верни, Тој сепак нам ќе ни остане верен, зашто Христос не може да се порекне Самиот Себе“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ти бидам верен слуга доживотно!... Ме слушаш ли... Ох, ох....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На часот син му од царот је дал леб и сол и откоа каснала неколку залази, го ватила за рака и му се таксала да му биди верна домаќинка за векутуму века.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да влези в град пеш со неа, накако не му вати есапо, ами ја качи неа горе на дрвото да поседи, дури да појди тој дома да земит кочија и тебабија, да ја земит со голем салтанат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Па што е живот и поглед стрелен ако не борба за народ мил: во дните тешки да бидеш верен, да развееш смрт над тиран гнил.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Се присети на онаа крв тогаш кога се боцнаа во трњето и кога си ја лизнаа еден на друг од прстот за да си бидат верни - и бризна да плаче.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)