биде (гл.) - потиснат (прид.)

Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според едно стојалиште, животот и интелигенцијата функционираат на начин кој е сведлив, а со тоа и повторлив, на машина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По таа теорија, основниот принцип на целокупниот живот, вклучувајќи го и нашиот, е механичка, пресметлива, алгоритамска низа. (De Landa 1991) Ханс Моравец смета дека до 2030 г. луѓето ќе бидат потиснати од роботи, и дека нашата свест ќе ја складираме во машини. (Moravec 1988)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас, другари команданти, морам да кажам, дека на едно советување што се одржа во нашиот Главен штаб, меѓу другото го поставив и прашањето: што да правиме ако дојдеме во ситуација да бидеме потиснати од Пинд?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)