биде (гл.) - празен (прид.)

МАТЕЈ: Мојот стан ќе биде празен и мрачен. Само на средината осветлен џубокс, пуштен на цел глас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Животот не смее да биде празен, осамен, мрачен простор во четири ѕида.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да беше со мене барем уште еден човек, додека оној се чиктиса право кон мене, и кога сакаше да ме разнесе со своите секачи, сандакон сега немаше да ни биде празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)