биде (гл.) - свесен (прид.)

За студентите на овие студии е важно да бидат свесни за овие четири генерални категории, и тогаш кога работат на специфично поле, со цел да ја избегнат фрагментацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој процес треба да биде свесен, инаку нема да биде изведен со потребната прецизност, но исто така треба да биде и несвесен, зашто во спротивно ќе донесе чувство на лажност, па оттука и на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целта на ниските, кога воопшто имаат цел - зашто постојана карактеристика на ниската група е тоа што се премногу измрцлавени од ринтање за да бидат свесни, освен повремено, за било што друго што е надвор од нивниот дневен живот - е да се укинат сите разлики и да се создаде општество во кое сите луѓе ќе бидат еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својство на управувач, членот на Внатрешната партија често треба да знае дека ова или она парче информација е невистинито и може често да биде свесен дека целата војна е лажна и дека или не се води, или се води за сосем други цели од прокламираните: но таквото знаење лесно се неутрализира со техниката на двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да научиме да бидеме благодарни за сѐ, да го живееме животот со сензибилитет, со страст да љубиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да бидеме свесни за тоа колку сме благословени и колку сме среќни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но гордоста на обајцата не им дозволуваше да ја остават работата и да ги остават на цедило нивните потомци, за чиј спас Камилски и ја предложи мисијата, а Татко ја прифати макар убеден дека таа немаше да заврши како што очекуваше неговиот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си зададоа работа, без да бидат свесни за тоа, за до крајот на нивните животи, како што за тоа се изрази во една пригода самиот Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ми го освои телото на препад. Ме разоружа без да бидам свесна за тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кривата на нашиот бегалиски живот во својот лет ја допираше највисоката точка, за потоа да го означи својот неизбежен пад за што не можевме веднаш да бидеме свесни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зачудувачко е тоа што понекогаш, можеби, без да бидеме свесни, и ние стануваме дел од нив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За опасностите пред кои стоиме, значи, ќе бидеме свесни токму ако грижливо ги одржуваме маниристичките де-каденции и дис-хармонии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најчесто едниот зборуваше на едниот јазик, а другиот на другиот, без да бидат свесни дека разговараат на два различни јазика.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дали тие, сегашните триесет (и неколку) годишници се изгубија во сите вриежи низ кои поминуваа, без да бидат свесни за начинот и за степенот до кој ги менуваа превртливите времиња во кои живееја?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Треба да бидеме свесни дека во општеството постои одредена хиерархија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Исто така, ако си во медиите биди свесен дека и самиот манипулираш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На пример, морам да бидам свесен дека зборувам во таа машина и дека тоа ќе биде објавено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мораме да бидеме свесни за потребата од проширување на основите на технологијата, за да му овозможиме на технолошкото човечко суштество да преживее, насекаде, колку што е можно повеќе, така што ќе станеме освестени технолошки суштества и нема да оставаме луѓе зад нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога не можеше да направи ни еден чекор понатаму, кога се спружи, гушејќи се во својот здив, долу, на работ од шумата, со која се граничеше Белата Долина, и кога остана легнат, со лицето во снегот, можеше само уште да слуша и уште да продолжува да биде свесен за тоа пуфтање на стапките зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој миг всушност треба секогаш да биде во тебе, готов за целото време, да ги знаеш сите движења за него, изострен, постојан, но и скриен така за и самиот да не бидеш свесен за него. Затоа и се вика лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа би значело дека без способност за рефлексија кон сопственото искуство не може да постои „само- свест“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во основа способноста за рефлексија е да бидеш свесен дека си свесен, односно да знаеш дека знаеш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Тоа се државни пари; мораме да бидеме свесни за извесен политички фактор”, признава Yaguchi, но додава: „Во исто време ние мораме да имаме интернационално репрезентативна колекција”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па како може еден таков процес на социјализација на возрасните да објасни работи што многу јасно изгледа, барем гледано наназад, дека биле геј-културни практики предвреме прифатени уште рано во животот од страна на многубројни момчиња кои подоцна испаднале геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Припадноста во машка геј-култура – и за геј-мажите и за оние жени и стрејт-мажи кои ѝ пристапуваат – е нешто што се стекнува во текот на поодминатиот живот, преку процес на социјализација на возрасните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пред и да бидат свесни што се случило, од вагонот скокнува Дине Бочаровски, гледа лево и десно и пред да се симнат Риса и Тронда, се загубува негде од задната страна на вагонот оти последен.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Посмелите, неписмените, слабо информираните, извикуваа без да бидат свесни за опасноста: „Чанга–Сталин!”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Биди свесен: Ти не можеш да го смениш светот!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)