биде (гл.) - силен (прид.)

Биди силна! Ти изгуби, о мајко, џин! Народните ќе пеат колена со уста милна за делата на твојот син.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Са­кав да бидам силна, но не можев, не е тоа туку-така, со тебе поминав 25 години во брак.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Моето второ „Јас“, што живееше минатите години во грч и знаеше дека овој ден ќе дојде, реши дека морам да бидам силна и да се држам достоинствено.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Злото е во вас самите, затоа бидете силни и не дозволувајте да излезе. Така ни туѓото не може да влезе. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Можеш да бидеш силен за десет души. И наврапит, и своеглав, и вреден повеќе од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие мора да бидат силни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред да се расплаче, можеше уште да каже: - А нас нѐ учеше да бидеме силни...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А, ако ги изложеше за време на забавните сесии, луѓето ќе те сакаа дури и повеќе поради својата решеност да бидеш силен и да кажеш дека си поинаков од другите, а на крајот и да се шегуваш (да си играш) со тоа. ◊ Кога некој ми се заканува, едноставно не го слушам повеќе. ◊ Чудно е тоа што осумдесеттите се толку налик на шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А можеби и ќе паднеше во морето ако со својата блага пролетна насмевка не ја храбреше сонцето: Ластовице, лекокрила, биди силна, биди лека, летај, летај, летај мила родно гнездо ми те чека.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)