биде (гл.) - спокоен (прид.)

- Не плаши се, биди спокоен, не сум толку сурова уште во првата рунда да го решам мечот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шефот мисли и на тебе, и на нас, и на себе.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Документите се кај Авни. Биди спокојна, сè е договорено.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И биди спокоен. Ние сме изолирани за нејзиниот електрицитет.“ Зеленото момче престана да штука и да пушта од себе необични мириси на берберница и ефтина кујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Немој пак непотребно да се расправаме. Поминав толкав пат, дојдена сум тука на два дена и сакам да бидеме спокојни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
КОСТАДИН: Биди спокојна.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ми ветуваш? – го прашав како што го прашувам татко ми, а тој понекогаш се лути што го ставам во таква ситуација.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Во мене можеш да имаш доверба, биди спокојна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
РЕВШИН: Вие седете си во гостинската соба и бидете спокојна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе те научам како треба, но, полека слушај, биди спокоен!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Биди спокоен, тоа ќе го сториме со Теми за време на зимскиот распуст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Александар: Другари мои Македонци и ти Клито, морате во исто време да бидете спокојни и храбри, тоа тешко се постигнува, но упорност вред во замена за победа!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)