биде (гл.) - точен (прид.)

А помислете дека и не сите ваши теории ќе бидат точни, и така неточни луѓето ќе ги ползуваат за да си помогнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали некој се запрашал што би било кога часовниците не би постоеле. Тотална анархија!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зар не се измислени да бидат точни?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само што треба уште малку да потпораснам за да ми бидат точни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И уште нешто му велеше: Оддалечи се од работ и воопшто од местото што го обликуваш и дури тогаш погледот ќе ти биде точен во одмерувањето, ќе ти ги покаже правите и кривите линии!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка ми, бидејќи не ме сфаќа, тврди дека и кога би имала двојно и тројно повеќе облеки, пак би била незадоволна, оти...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со еден збор - бидете точни и уредни во сѐ!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ви велам, докторе Фројд, шољата за тоалет со казанче е најголемиот изум по пронаоѓањето на тркалото.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)