биде (гл.) - убиен (прид.)

Сака да рече Вчера стрико Анѓеле, утре или некогаш другпат некој од нас или сите ние можеме да бидеме убиени ако не престанеме да се бунтуваме, но за да не ги исплаши луѓето ја изменува реченицата, задржувајќи ја притоа смислата: Ако не мислиме да бидеме како досега без црква, без општина и без училиште. Не мислиме, вели Лазор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сака уште да рече Можеше да се случи секој од нас да биде убиен, но се премислува: Само стрика Анѓела не го одмина кутриот, вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Партијата се обидуваше да го убие сексуалниот инстинкт, или, ако не може да биде убиен, тогаш барем да го искривоколчи и да го извалка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е страшно ако го убијат веднаш. Човек и очекува да биде убиен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преторијанците, кои ја прославија Империјата, претставуваа елитни трупи, кои требаше да ја одржуваат дисциплината во армијата и да ги задушуваат побуните и револтот, станаа толку моќна солдатеска, што дури неколку императори ќе бидат убиени од нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, по повеќемесечно проучување на условите и можностите за извршување на акцијата, дошле до заклучок дека можноста Абдул Хамид да биде убиен била ограничена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А тој да ти биде убиен пред 30 години во Цариград.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако можев да убивам за да не бидам убиен; ако можев преку нишанот да ја решавам мојата судбина а не преку божјите заповести и светиот крст, беше дури и праведно да ја ослободам мојата мантија од душевните прегрешенија!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Арапската легија ќе го нападне кампот на бегалците и ќе бидат убиени близу четири илјади, а ранети дваесет илјади Палестинци...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше критичното време за Палестинците кога во Јордан ќе ја создадат нивната државичка во држава, а по терористичките напади на водачите на радикалните крила на Арафатовиот Фатах, Жорж Хабаш и Најеф Хаватмех, кралот Хусеин ќе смета дека чашата била прелеана и ќе нареди Палестинците да го предадат оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Војнилакот е вежба како да убиеш и како да не бидеш убиен. Во тоа вежбање растевме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И... не сакам никакви разговори околу тоа кој треба да биде убиениот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)