биде (гл.) - љубен (прид.)

Оние кои вистински љубат, не ги оптоваруваат со својата болка оние од кои престанале да бидат љубени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе љубите и ќе бидете љубени по војната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А ти само сакаш да носиш несреќа. Себеси, и на оние кои се лажеш дека ги сакаш.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А не е ли,“ прашав јас, „кај некои луди очајничка потребата да се љуби и да се биде љубен, не е ли тоа потреба силна како живот и смрт?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е потреба за ископување од лудилото, за враќање во живот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)