биде (гл.) - постојано (прил.)

„Рацете нека му бидат постојано врзани за нозете“, рече докторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
” Сите слики на сликарот Столпник луѓето ги собраа и ги однесоа во цркавата да им бидат постојано пред очи; ги изнаредија како икони, како светци.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги колнеа војните, судбината да се родат овде, да бидат постојано во несреќи, во спорови, во делења.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А на гробот негов му направија споменик на чијашто плоча изделкаа стебло со голем, ражилен корен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш ќе бидам постојано крај тебе ќе бидеме само јас и ти Вечни љубовници....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Постариот тип социјалист, кој беше обучуван да се бори против она што се нарекуваше „ класна привилегија“, заклучи дека тоа што не е наследно, не може да биде постојано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)