бие (гл.) - глас (имн.)

И, најлошото што може да ти се случи е да те прочитаат и едниот и другиот, а тебе да почне да те бие глас на некоја што повеќе милува парни броеви и две фотелји, дека грев е приликиве да ги споредуваш со столчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега се претставува само како Грета и ја бие глас дека е најдобрата пушачка во државата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Кога беше мала имаше и презиме, ми се чини, но го заборавив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но дали жените, општо земено, ги бие глас дека се случило нешто катастрофално, дека пропаднал светот, дека човештото не го исполнило целиот свој величествен потенцијал секогаш кога ќе се направи едничка и ненужна естетска грешка?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, не ако му се верува на Чез или на Честити, одвреме-навреме трансродовиот фризер од Хикори, Северна Каролина, кого во 2004 година го интервјуирал Е.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А некој таков напор може да им биде крајно нужен на геј-мажите, кои немаат на располагање готови општествени форми за да си ги искажат чувствата и на кои, затоа, секое искажување емоција мора да им се раководи според некоја постојна, хетеронормативна општествена норма или некој таков жанр, на кој нивното искажување може да му биде само имитација или пародија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обично е потребен одреден волев напор за да се усогласи изразот на некое чувство со природата на самото чувство – како што покажува мелодрамата на секојдневниот семеен живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои помодни дами се, сигурно, многу ситничави околу својот изглед и околу прашањата на стилот воопшто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е никакво чудо што геј-мажите ги бие глас дека се склони кон мелодраматичност во своите стилови на емоционално изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и за хетеросексуалците, дури и надвор од мелодраматичниот свет на семејството, има нешто незгодно или театрално или срамно во задачата да се пренесе нанадвор она што се чувствува внатре.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали жените, општо земено, се толку фанатични, како пол, околу точните прашања на естетската форма?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, овој висок службеник беше целосно во заблуда; а далечниот извор на неговиот пораз лежи во претпоставката дека министерот е будала, затоа што го бие глас оти е поет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Околности - Создаваат повеќе Младоженец - Смешна жртва, на престапници отколку самата умисла. почетокот се радува за подоцна да Опасност - Случај, во кој душата плаче. си ја спознава величината или Мода - Идол обожуван од будалите, ништожноста. за тие да се прогласат за паметни, и од паметните, да не ги бие глас на будали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
О Облека - Честопати, видлив излог на Мираз - Сразмер за достоинствата на сокриените достоинства. невестата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)