бие (гл.) - шега (имн.)

На едниот од орлите му дале име на некој крал од Маџарско, со кој тогаш војуваа, а другиот го крстиле Дамче и пред насобраните селани, пред своите татковци, помали браќа и синови биеја шега со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На газдата на арабаџиите ова не му се веруваше. Помисли дека биеја шега, голема шега со него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А ако се бие шега во ваков час со мене, главата ќе му летне“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ме фатија ловџии, ме врзаа овде и пратија едного од нив да земит синџири, да ме врзат и да ме носат по градишчана за да се бијат шега со мене и да ме мачат!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето во лифтовите се љубезни. Се среќаваат, си климаат со главите, си разменуваат погледи, зборови, си го вежбаат бон-тонот, бијат шеги, внимаваат да не си го промашат катот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Дали некој бие шега со мене, си велеше Јагулче Дримски, или навистина знаат дека сум семоќен?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Слепи боже, слепи клекни, слепи бесмертни, по меј вас — почна поп Илија да се бие шега со словенските црковни песни и молитви, на кое поп Пројче уште поиронично му го издекламира грчкиот оче наш, притурајќи на секој стих по една измислена дотуреница: — Патер има он — пајка со лимон . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)