бил (гл.) - даде (гл.)

270 На 19 октомври 1944 година мисијата Abbeville ја примила радиограмата од британската позадинска воена мисија на Фицрој Маклин во која биле дадени инструкции според кои од “23 октомври Spike и Abbeville ќе станат американска известителна мисија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
(8) Насловено како “Pausage fautif (1946, “Своеглавиот пејсаж”), ова дело е направено како специјален додаток на луксузната едиција на неговото “Boite-en-Valise” - портабл музеј што Дишан го проектирал во 30-тите години и почнал да го продава во раните 40-ти, како некој вид минијатурна збирка од своите најважни дела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што покажува посветата на кутијата, овој конкретен примерок на вализе-то ѝ бил посветен на Марија Мартинс и ѝ бил даден на 6 април 1946.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од своја страна, А/Д1 во својата кореспонденција со Ц/Д се осврнува и на Меморандумот доставен до нив од британскиот конзул во Скопје, Томас, а во кој, меѓу другото, бил даден и осврт за македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Меморандумот британскиот конзул дал "јасни податоци за македонското прашање, како и целите на различните македонски групи, главните лидери и статистика за населението и религијата на територијата која е предмет на разгледување".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сите мислеа дека алармот бил даден прерано.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знам дека не може да се споредува ужасот на срамот со ужасот на губитокот, и не можам да си простам што, за да се спасам од ужасот на срамот, ти задавам два ужаса – и срам и губиток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И бидејќи нема да можам да му дадам живот каков што заслужува, живот каков што јас сум должна да дадам затоа што таков ми бил даден мене, најдобро е да не му дадам никаков живот, а својот да си го одземам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)