бил (гл.) - запознае (гл.)

Истовремено, Гарсија призна дека „не бил запознаен со самата содржина на предметот“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дури кога во јуни 1942 година полскиот генерал Сикорски се заинтересирал и побарал формирање на едно тело кое ќе се грижи за помош на движењата на отпорот, единствено, сојузничките влади биле запознати со постоењето на СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, во тој период се воделе и интензивни разговори меѓу претседателот на кралската Југословенска влада во емиграција и Националниот комитет за ослободување на Југославија, што непосредно било поврзано со меѓународното признавање на нова Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како и Велика Британија, така и САД, на самиот почеток на војната, па и подоцна, со големи симпатии гледале на генералот Дража Михаиловиќ и неговата безизлена ситуација, но со ништо не можеле да му помогнат во почетокот на 1942 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно и Јосип Броз Тито, од страна на Меклин, бил запознаен за ставовите за иднината на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште во почетокот на војната Вашингтон бил запознаен со минорното значење на владите во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)