бил (гл.) - лаже (гл.)

— Е, е, е, сестро, не бил лаган Илко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Македонското население од овој крај било лажено и дезинформирано од врховистите и од нивните соработници и во својот поголем дел било принудено да се дигне, бидејќи, испровоцирани од убиствата и нападите на врховистичките чети, турските војски на прво место ги напаѓале селата и ги принудувале да се бранат или да бегаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)