бил (гл.) - дете (имн.)

Само оние кои некогаш биле деца можат да појаснат зошто денес јас не го чувствувам дождот: таа светлина во мене не доаѓа од сонцето туку: од неговиот брат - добата која одминува. * -- * Вилијам Карлос Вилијамс:„Жолтиот оџак“.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Оттогаш кога на небото ќе се појави авион, Гошко ја крева главата, го гледа, се восхитува и си вели: - Одамна, кога дедо ми бил дете, немало авиони.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Татко ми бил дете, убаво запаметил. А и дедо ми кажува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Заборавиле кога биле деца како се однесувале кон своите мајки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па нека се и најдобри на светот, сеедно, пред мајките многу нешта се премолчуваат и тоа е природно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи лоши многу биле децата, го удриле од земи старецот и беше му пукнала жолчката на часот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Којзнае што стравови претрпеле постарите. А и нејзините родители, иако уште биле деца.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Музиката што Милер ја знаел откога бил дете не била само некоја стара музика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се покажа дека и Чана била надвор, шетала околу зградата, била и она во градините за да се потсети дека на крајот од реката Вардар, десно горе, на Кожуф е нејното село најгоре во планината и градините како балкони на небото, а додека таа била надвор и додека одела кон првиот влез за да види како се сместуваат луѓето на таа страна, не го видела Дине Бочаровски, ама надвор биле децата од двете жени, само не можеше да се разбере дали мисли децата од двете жени на Дине или токму значеше деца од две жени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И јас ја пружив раката, иако знаев дека тоа јадење нема да ми се допадне, оти се сетив, баба еднаш ни намачка маст за вечера и ни раскажа дека, кога биле деца, најмногу сакале тоа да го јадат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги лижевме патем заедно со дедо ми и тој предложи да одиме во Маџар-маало, за да ми покаже каде живеел кога бил дете и младич.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На сите мајки и татковци, за да не заборават дека некогаш, многу одамна, и самите биле деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, колку и долго, не само што беа заедно туку и спиеја еден покрај друг, не се случило да заспијат во ист момент - така било само кога биле деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогај беше проколнал старецот сио народ што се наоѓал во нашава земја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бидејќи лоши многу биле децата, го удриле одземи старецот и беше му пукнала жолчта на часот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така зборуваше брат ми Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Токму тоа – заштита! Очекуваат религијата да ги заштити како што родителите ги штителе кога биле деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А мојот татко, кога бил дете, немал можност за такво радување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оттогаш кога на небото ќе се појави авион, Гошко ја крева главата, го гледа, се восхитува и си вели: - Одамна, кога дедо ми бил дете, немало авиони.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тате пушеше цигари и раскажуваше како било кога тој бил дете во 1997 година.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)