бил (гл.) - среќа (имн.)

Пред Божик, зад Божик црвеното било среќа и затоа момите се возеле со црвени колички низ градот со полни усти црвени дренки од фрижидерите за длабоко замрзнување.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Но, кога го видела колку е низок и малечок нејзиниот свршеник а таа висока и јадра, си рекла – сепак, сполај му на Господ, тоа ми била среќата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— Што ти направиле, Војас? — Војна, вели, таква ми била среќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)