бил (гл.) - готов (прид.)

За 24 саата бил готов!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За несреќа ножето било рѓосано и добил сепса!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од проучувањата на империите на Балканот, беше заклучил дека секогаш кога на нивниот врв ќе се најдел император- јаничар, тој секогаш, сакајќи да ја докаже величината на своја­та изместена душа, бил готов да ја одржува илузијата на победата по цена на поразите на другите, но и на своите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако никогаш не може да се согледа до крај зашто е ограничен од она од што неговиот чип во форма на лост е зависен како што компјутерот не може да ја има моќта на човекот зошто колку и да е совршен тој е зависен од човекот кој никогаш целосно нема да се предаде зашто тогаш би бил готов.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дури, имаше моменти во детството, кога во својата фантазија се исправав дотаму, што би бил готов да убијам, за да ја симнам таа навреда од нашето семејство и да ја спасам неговата чест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој миг, би бил готов да ги здробам оние непрокопсаници за чии сплетки ми раскажува овој човек спроти мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И само што бил готов дворецот, долетале и самовилите од Беласица со своите бисерни ковчежиња полни со мртви очи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, едно судбоносно совпаѓање! Тие биле готови за акција токму тогаш кога во Македонија се очекувало да почне востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Каналот до банката бил готов, а друг канал во Солун или на друго место не планирале веќе да копаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што забележавме, тие биле готови да започнат борба, но не знаеле како.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, тогаш тие уште не биле готови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исполнувањето на поставените задачи го вршел тивко, дисциплинирано и бил готов секогаш да се зафати со најризични акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Штом гемиџиите биле готови, веднаш пред нив се поставило прашањето - кога да стапат во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дежурниот секогаш бил готов да го запали фитилот и да исчезне заедно со Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А употребата на сила против гемиџиите, луѓето што секој момент биле готови да ја дадат главата за своето дело, било мошне ризична и практично неостварлива работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Загрозените цврсто ги затвориле портите, но и биле готови да се бранат со оружје и со било што друго со што располагале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа на времето не им било тешко да го ветат, зашто уште не биле готови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи каналот бил готов, било решено да се одвои неопходната количина динамит за минирање на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, поверојатно е дека тие, откако биле готови и решиле да почнат со атентатите, ниту имале можност ниту се сретнале со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Живеел аскетски, а единствена смисла на своето живеење наоѓал во борбата за ослободување на Македонија и за тоа бил готов да го даде својот живот секој погоден момент.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На крајот, по продолжителни инсистирања и молби пред властите, сите пречки биле совладани и бившите заточеници биле готови да тргнат на пат кон родниот крај.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По речиси три години подготовки и перипетии, гемиџиите биле готови за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога биле готови, го изневериле ЦК.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сочувствителен со страдањата на својот народ, Коста бил готов да дели сѐ што имал со оние што немале и страдале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Значи, секој момент тие биле готови да стапат во акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А биле готови тогаш кога во принцип било решено наскоро да се дигне востание. Не се знаел само денот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Причината за тоа лежи во фактот што сите оние што ги разбирале проблемите на ослободителната борба и односите на ВК и МРО знаеле дека Сарафов би му дал помош секому кој би бил готов “нешто да работи“ против Турците во Македонија, без при тоа да мисли какви би биле последиците за народот и за Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога бил готов, останал седејќи и заздишен, сѐ додека не се случило она, за што ниеден од оние, што прикажуваа, не забораваше да раскаже.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше готова веднаш да замине, ама прво мораше да го промени договорот и во корисник на имотот го стави името на ужалениот зет Кизо, кој остана да живурка со неа и со женичката Микица, којашто ги негуваше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се ближел заод некако поинаков од другите до тој ден, како тежок, како мртов сон - до бескрај се шири и сѐ околу себе дави пепелава поплава без јасни сенки, слаба темница што ни се враќа во коритото на секнатиот ден ни прераснува во ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога оние двајца биле готови, во исправеноста слични на голи стебла, едниот крај јамата, другиот крај преголемиот куп гранки, тишината станала помамна утеха дека сепак не ќе се случи нешто страшно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, трогнат од широкоградоста на постарите браќа, кои заради заедничкото дело биле готови да се откажат од најмилото на светот, најпосле и тој попуштил и ветил дека ќе молчи таа ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денгубничке проклета, утре в зори со коритото за алишта на вода да одиш и таму да останеш до ноќ сосе четка и пиралка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Умешноста да се процени вистинската состојба по такви животни потреси е обично реткаи доколку некој располага со неа ја притајува во горчливото срце: ни совладаниот можеш да го утешиш ни на славеникот можеш да му ја укажеш потребата да се смири и да мисли на иднината, на луѓето и на земјата за која бил готов да полее и своја крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ме вратија од мртви - буквално, ми рекоа дека во еден момент веќе сум бил готов.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)